Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Elena^



Пол : Female
Хороскоп : Capricorn
Број на мислења : 101
Поени : 3010
Репутација : 7
Registration date : 2009-03-28
Age : 26
Локација : Струга

ПишувањеПредмет: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Пон Апр 27, 2009 8:28 pm

Продолжуваат ли активностите на План Б на музичко поле? Кои се ексклузивците на продукцијата?

План Б има повеќе тимови, и секој е задолжен за одредена работа. Ексклузивци на продукцијата се: Некст тајм, Влатко Илиевски, Дани и Деана Николовска. Во преговори сме и со некои нови изведувачи, но за тоа - потоа...

Какви се нивните планови во скоро време?

Влатко се подготвува за спот за евровизиската Најбогат на свет, кој ќе се работи за македонската и за српската верзија на текстот. Како што е најавено, Влатко годинава настапува на фестивалот Сунчане скале, кој ќе се случува во Бар. Освен тоа, Влатко секој викенд има свирки низ Македонија, на кои ги промовира песните од својот деби-албум. Дани подготвува нова песна, а и албумот е во завршна фаза. Ако се биде ОК, би требало да го имаме пред летото, но ќе видиме... Што се однесува до Деана Николовска, таа деновиве ќе го снима спотот за песната Лудило, со која лани настапи на Охрид-фест. Иако се работи за постара композиција, таа се уште важи за голем хит и штета би било да нема и добар видеоспот...

Во ексклузивците ги спомна и Некст тајм, но по националниот Евросонг некои медиуми ја обзнанија веста дека повеќе не си нивен менаџер, иако за нивните почетоци се врзуваше токму продукцијата План Б...

Некст тајм се се уште ексклузивци на План Б, бидејќи имаме договор кој важи до мај 2010 година. И, додека двете страни спогодбено не го раскинат договорот, тој си тече. Некст тајм се мој проект - од нивното име до се што постигнаа, бидејќи тие порано како членови во разни групи беа познати како Мартин и Стефан и настапуваа по скопските клубови. Некст тајм како проект, во мај ќе направи една година постоење. На момчињата славата им дојде премногу рано, најмногу заради моите настојувања. Лично им посакувам среќа во работата, иако знам дека е многу тешко да се опстане на врвот.

Зошто дојде до прекин на соработката?

Договорот не е раскинат, тој си тече, а соработката ја прекинавме бидејќи некои надворешни луѓе, патем, мои блиски соработници, се вмешаа во мојата работа, сакајќи да добијат што поголем дел од колачот. Тие, кога видоа дека може да се направи нешто од Некст тајм, се решија да играат против мене.

Па, ќе дојде и во техничка смисла на зборот, до тоа раскинување на договорот?

Секако, кога за тоа ќе се договорат двете страни. Но и во тој случај постојат пенали, обесштетување и се што следува. Верувам дека сме луѓе и дека се ќе завршиме на мирен начин, без арбитража на судови.

Дали намерно не сакаше да го потенцираш проблемот сега пред Евровизија, сакајќи момчињата да се фокусираат на она што ги очекува во Москва?

Апсолутно. Нека помине Евровизија, па ќе седнеме и за се ќе се договориме. Посакувам се да се заврши на мирен начин. Некст тајм е проект на продукција План Б, која ќе има уште други проекти.

Жалиш ли што не си дел од нивната евровизиска приказна?

Не, воопшто, бидејќи јас моето си го направив! Јас во работата не влегувам со многу емоции. Проект се прави за да успее.

А што е со пријателството во меѓувреме?

Работата и пријателството не ги мешам. Ние сме професионалци и така треба да останеме, без многу чувства и емоции. За кратко време тие многу постигнаа, но тешко е да се остане на врвот.

Ги спомна и другите проекти за во меѓувреме. Има ли нешто конкретно?

Постојат некои планови кои ми се врткаат по главата, но не знам што ќе се случи. Оставам работите сами да се развијат. Така беше и со Некст тајм кога првпат ги видов во клубот Кастро. Кога отидов да ги видам, газдата на клубот ми кажа дека таму свират две години. Имале обиди, ама тие не биле успешни. Кога им ја кажав мојата годишна агенда што би работел со нив, во почетокот беа малку скептични, но со текот на времето видоа дека работам успешно. Од сегашен аспект можам да кажам дека по војната сите се генерали. Сега сите сакаат да се закитат со тие награди и пердуви.

Со оглед на тоа дека Некст тајм е успешна приказна, може ли да заклучиме дека во Македонија има пари од музика?

Единствените пари од музика во Македонија се земаат од дискотеките, и добро е што нив ги имаме. Пари од спонзори се добиваат многу тешко, а големи концерти се прават уште поретко. Тиражите на албумите се многу мали, па се останува на свирките. Исто многу е битен фактот дека во Македонија сите пари од настапите по дискотеките одат кај новите фаци. Тоа е Македонија, кој ќе се појави на телевизија, а знае да пее, има работа! Но сите тие работи се на кратки патеки. Додека не се појават некои други нови лица... Србите и Хрватите тоа одамна го сфатија, а Гранд продукција е најдобар пример за тоа.

P.S. go staviv delot kde sto se spomnuva samo Next Time :)
Вратете се на почетокот Go down
http://darkoilievski.forummk.com/index.htm
Simona*
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 4233
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Вто Апр 28, 2009 8:15 am

Човеков не дека е нешто посебно, ама мислам дека подобро ќе биде за НТ да останат во План Б. Јован и Елвир гледаат само пари да си земат од кај ќе стигнат и секаде се пикаат. Не знам

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
Леа
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Gemini
Број на мислења : 695
Поени : 3900
Репутација : 77
Registration date : 2009-03-20
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Вто Апр 28, 2009 1:42 pm

Да, тоа и јас го читав. Инаку, мое мисленње е
дека подобро би било да се со Кристијан дека човекот знае да напрви
бизнис. И верувам во тоа шо го кажал тој, дека Јован ко видел дека има
успех од Next Time, посакал и тој да ќари нешто. Да не ме сфатите
погрешно, и Јован си е успешен, ама мислам дека секаде се пика и е
малку препотентен... Мала ситница, ама досаден ми беше кога се
појавуваше во сите спотови шо ги правеше( на пример во "Не верувам во
тебе")

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
marija_pp



Пол : Female
Хороскоп : Leo
Број на мислења : 144
Поени : 3010
Репутација : 1
Registration date : 2009-04-21
Age : 21
Локација : prilep

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Вто Апр 28, 2009 2:28 pm

taka e! Koga vide deka next time imaat potencijal i deka ke uspeat i odma... mislam deka e podobro da ostanat so plan b, sepak tamu mu se po4etocite i prvite uspesi gi postignaa so niv...
Вратете се на почетокот Go down
Кате
Модератор
Модератор


Пол : Female
Хороскоп : Virgo
Број на мислења : 535
Поени : 3735
Репутација : 81
Registration date : 2009-03-23
Age : 22
Локација : Скопје, Аеродром

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Вто Апр 28, 2009 3:48 pm

И јас сум за тоа НТ да останат во План Б продукција :)
Мислам дека ќе имаат повеќе успех ако не се во соработка со Џеј Џеј Намигнува

_________________

Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
Simona*
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 4233
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Вто Апр 28, 2009 7:35 pm

Мене новата менаџерка Маја ми е многу симпатична. :D

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
Natali ohrid
<3 Next Time!


Пол : Female
Број на мислења : 532
Поени : 3455
Репутација : 23
Registration date : 2009-03-29
Локација : Охрид,Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Вто Апр 28, 2009 8:45 pm

Maja е супер thumbsup
Вратете се на почетокот Go down
soncence



Пол : Female
Хороскоп : Aquarius
Број на мислења : 176
Поени : 3053
Репутација : 47
Registration date : 2009-04-28
Age : 36
Локација : Skopje

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Сре Апр 29, 2009 6:42 pm

Nikoj ne moze da dozivee uspeh ako nema vo nego talent i harizma,momcive toa go imaat i sekogas ke bidat barani..sekoja cest sto nekoj gi pojavi vo javnost pa malce da zivneme posle Tose-RIP prosti Boze sto go spomnuvam,no nikako ne se slozuvam deka nema da uspeat bez menadjerot im bivshi..koj saka da se kiti so tugi perja kratok mu e vekot,premnogu ambiciozno no alcnosta e losa rabota,deckite zasluzuvaat poveke i ne se bas od vcera taka da..sekoja nivna odluka silno ja podrzuvam i nikako nesmeat da dozvolot nivniot stotuku steknat uspeh nekoj da go nagrdi...bilo koj...Pozdrav i samo napred!!!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/soncence
Natali ohrid
<3 Next Time!


Пол : Female
Број на мислења : 532
Поени : 3455
Репутација : 23
Registration date : 2009-03-29
Локација : Охрид,Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Сре Апр 29, 2009 7:14 pm

Потполно се согласувам со сонценце поздрав
Вратете се на почетокот Go down
zorica
x3 Некст Тајм (:


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 571
Поени : 3477
Репутација : 17
Registration date : 2009-03-28
Age : 21
Локација : Bitola

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Сре Апр 29, 2009 7:39 pm

И јас мислам дека најдобро ќе е Некст Тајм да си се дел од План Б затоа што по мое мислење Некст Тајм успеа како гр. и поради нивниот ex менаџер Кристијан Стефановски, бидејќи навистина беше способен да води една ваква гр. како Н.Т. А како што кажавте, без навреда ама Јован Ј. увиде дека Н.Т се навистина квалитетни и посака и тој да ќари нешто[како што кажа Леа]
Вратете се на почетокот Go down
Elena



Пол : Female
Хороскоп : Gemini
Број на мислења : 206
Поени : 3149
Репутација : 33
Registration date : 2009-03-21
Age : 27
Локација : Skopje

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Сре Апр 29, 2009 7:42 pm

soncence напиша:
Nikoj ne moze da dozivee uspeh ako nema vo nego talent i harizma,momcive toa go imaat i sekogas ke bidat barani..sekoja cest sto nekoj gi pojavi vo javnost pa malce da zivneme posle Tose-RIP prosti Boze sto go spomnuvam,no nikako ne se slozuvam deka nema da uspeat bez menadjerot im bivshi..koj saka da se kiti so tugi perja kratok mu e vekot,premnogu ambiciozno no alcnosta e losa rabota,deckite zasluzuvaat poveke i ne se bas od vcera taka da..sekoja nivna odluka silno ja podrzuvam i nikako nesmeat da dozvolot nivniot stotuku steknat uspeh nekoj da go nagrdi...bilo koj...Pozdrav i samo napred!!!

Така е..на крај краева,нормално дека е битно на денешно време за да успееш и да имаш позадина која ќе те подржува,но пред се успехот се должи на квалитетот,талентот,харизмата,напорната работа,трудот и љубовта со која ја работат професијата..а сето тоа го имаат Некст Тајм..така да апсолутно се сложувам со тебе.. ;]
Вратете се на почетокот Go down
Urban



Пол : Male
Број на мислења : 84
Поени : 2933
Репутација : 31
Registration date : 2009-04-01
Локација : Skopje

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Сре Апр 29, 2009 10:04 pm

Vaka sea, da ne se lazeme, za u Makedonija da probies nekoj i ne e taka teska rabota, narocito ako u race imas zlatna koka kako Next Time!!! Stvarta e u toa so na niv ne im treba nekoj za u Makedonija, im treba menager za probiv na Ex-yu pazarot, a Kristijan i JOvanov go nemaat toj menagerski kapacitet, mislam da ne se lazeme!! Pozdrav!
Вратете се на почетокот Go down
soncence



Пол : Female
Хороскоп : Aquarius
Број на мислења : 176
Поени : 3053
Репутација : 47
Registration date : 2009-04-28
Age : 36
Локација : Skopje

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Чет Апр 30, 2009 3:28 pm

Vi blagodaram,pozdrav do site,nivnata nova menadjerka Maja mnogu se trudi za niv si ja znae rabotata i sigurna sum deka gi obozava taka da..im pretstoi naporna rabota i ispesi...se razbira bez fanovite(site nie) ne bi bilo se onaka kako sto e dosega taka da..prodolzete da gi podrzuvate i sakate kako dosega! ;]
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/soncence
Леа
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Gemini
Број на мислења : 695
Поени : 3900
Репутација : 77
Registration date : 2009-03-20
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Чет Апр 30, 2009 8:07 pm

И јас ја поддржувам секоја нивна одлука, тоа си беше само мое мислење. Не мора да значи дека е така, ама сите случувања ми оставиле таков впечаток.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол   Today at 3:42 pm

Вратете се на почетокот Go down
 
Кристијан Стефановски Во потрага по модниот идол
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | www.sosblogs.com
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum