Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Верувајте во нас, имаме што да покажеме!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Elena^



Пол : Female
Хороскоп : Capricorn
Број на мислења : 101
Поени : 3003
Репутација : 7
Registration date : 2009-03-28
Age : 26
Локација : Струга

ПишувањеПредмет: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 6:26 pm

Близнаците Мартин и Стефан Филиповски, познати како Некст тајм, со песната Нешто што ќе остане, на 12 мај во Москва, на првата полуфинална вечер, ќе ја претставуваат Македонија на Изборот cа песна на Евровизија. Меѓу промотивните патувања и заминување за Москва, момците од Некст тајм беа расположени да ни одговорат на сите прашања поврзани за нивниот настап и нивната куса, но успешна кариера...

По Владо Јаневски, ХХЛ, Каролина Гочева, Тоше Проески, Мартин Вучиќ, Елена Ристеска, Тамара, Врчак и Адријан, рок-дуото Некст тајм годинава ја имаат честа да ја претставуваат Македонија на Евросонг во Москва. Тие ќе настапат на 12 мај, на првото евровизиско полуфинале, а ако нивната песна Нешто што ќе остане? се допадне на музичка Европа, ќе ги видиме и на големото финале, закажано за 16 мај. Мартин и Стефан Филиповски, кои последнава година станаа големи музички ѕвезди во Македонија, ќе се обидат да ги освојат евровизиските фанови со својот шарм, младост и искреност од позицијата под реден број 13.
Се надеваме и искрено веруваме дека Некст тајм ќе успеат во својата мисија...

Деновиве престојувавте во Босна, која ја посетивте заради промотивните евровизиски активности. Со какви впечатоци се вративте во Македонија? Освен тоа, каде се освен во Босна, патувавте промотивно, и по што ќе ги паметите тие патувања? Каде беше најдобро, каде најдобро ја прифаќаа Aашата песна?

Мартин: На 21 април 2009 година бевме во Бјелина. Поканата за гостување ја добивме од организаторите на телевизија БН. Инаку ова е наше второ гостување на овие простори - првиот пат бевме гости во специјална емисија по повод презентацијата на песната на групата Регина - актуелен претставник на Босна и Херцеговина во Москва. Задоволни сме што во Босна и Херцеговина нашата песна е одлично прифатена. Меѓу другото, заедно со групата Регина, Игор Цукров од Хрватска и Андреа Демировиќ од Црна Гора, бевме гости на српскиот избор на песна за Евровизија - Беовизија 2009.
Две недели подоцна бевме гости на националната телевизија во Србија и гостувавме во неколку радиоемисии. На почетокот на април оваа година бевме во Швајцарија, и можам да кажам дека ова гостување ќе го паметиме особено по многубројните приеми и настапи. Дали и кога ќе ги посетиме Албанија и Турција, тоа не зависи од нас... Нашата продукциска куќа ќе одлучи дали за тоа ќе имаме доволно време...

Стефан: Презадоволни сме од престојот во Босна и Херцеговина. Домаќините не пречекаа исклучително добро и ни посакаа успех на полуфиналната вечер на 12 мај во Москва. Покрај тоа, имавме можност да изведеме неколку други нумери, како што е песната со којашто се претставивме на Макфест 2008, а имавме можност и во живо да отпееме и отсвириме една нам драга песна. За мене лично беше огромна чест на сцената таа вечер со нашата кралица на ромска музика Есма Реџепова да ја отпеам познатата песна Зошто си ме мајко родила. Но особено ќе го паметиме и настапот во центарот Сава во Белград, каде што уште при самата најава од страна на водителите бевме пречекани со огромен аплауз од страна на публиката. Тоа беше наш прв настап надвор од просторите на нашата земја и едноставно никогаш нема да ги заборавиме реакциите на белградската публика. Голема благодарност до сите што не поддржуваат. Како и да, е најдобрите спомени сепак ги носиме од нашата татковина - Македонија. Сега засега најдраги ни се настапите пред македонската публика. Гостувавме во неколку градови низ Македонија и изненадени сме од приемот и прифаќањето на евровизиската песна. Нема ништо подобро од тоа кога публиката заедно со тебе ја пее и ја прифаќа песната...

Кога зборуваме за Евровизија, можеме ли да откриеме нешто врзано за Вашиот настап во Москва? Кој, освен Вие двајца, ќе се искачи на сцената во Москва, како придружба?

Мартин: Во Москва ќе се претставиме со бенд и придружни вокали. Бендот го сочинуваат Горан Михајловски - тапани, Марио Станковиќ - бас-гитара, а придружните вокали, освен мене, ќе бидат и Дамјан Лазаров (којшто е воедно и еден од авторите на песната, заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ), и Драган Ѓуроски - Роки.

Што, за Вас, ќе претставува добар пласман на Евровизија?

Мартин: Не станува збор за добар пласман според нашите очекувања. Ние ја претставуваме Македонија и неопходно е да ги задоволиме очекувањата на македонскиот народ. За секоја земја-учесничка на овој натпревар е важно да се пласира што подобро.

Стефан: Она што секој учесник го посакува е добро да ја претстави својата земја. Ние сме сигурни дека ќе дадеме се од себе достоинствено да ги претставиме Македонија и македонскиот народ. Имаме доволно енергија да го направиме тоа, а дали ќе успееме да обезбедиме пласман во финалната вечер, па и подобро место на евровизиската сцена, тоа не зависи само од нас... Најважно е што веруваме во себе и во македонскиот народ, којшто ни ја даде и ќе ни ја дава целокупната поддршка...
Вратете се на почетокот Go down
http://darkoilievski.forummk.com/index.htm
Elena^



Пол : Female
Хороскоп : Capricorn
Број на мислења : 101
Поени : 3003
Репутација : 7
Registration date : 2009-03-28
Age : 26
Локација : Струга

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 6:26 pm

Какви се Вашите планови - ќе имаме ли што да и покажеме на музичка Европа?

Мартин: Ние ќе бидеме тоа што сме - ќе дадеме се најдобро, а оставаме на Европа да го даде последниот збор. Верувајте во нас, секогаш имаме што да покажеме!

Ве загрижуваат ли прогнозите за пласман на Евровизија, кои ги пласираат познатите обложувалници?

Мартин: Се обидуваме да не обрнуваме внимание на прогнозите што ги објавуваат многу медиуми во Македонија, и не би сакале да веруваме дека е тоа единствениот репер за успех. Тоа е исто како да типуваш за еден спортски натпревар, каде што секогаш ги оставаш поените за посилните, а многупати имало и неочекувани патници!

Стефан: Она што сега ни е најпотребно и најважно е да се концентрираме на што подобра изведба на песната и на самиот настап на Евровизија. Она што пишуваат весниците нема многу да ни помогне да ја одржиме позитивната енергија што ја имаме... Ние веруваме во Македонија и во тимот што работи со нас!

Има ли нешто, надвор од протоколот, што би сакале да направите во Москва? Некоја прошетка по културните знаменитости, запознавање и дружење со некој таму и сл...?

Стефан: Тоа ќе зависи од организаторите. Во секој случај веруваме дека и покрај нашите многубројни обврски, ќе имаме време за се...

Сметате ли дека Евровизија Ви се случува прерано во кариерата?

Мартин: Иако сме млади, сигурни сме дека за секоја работа е потребно многу работа и труд. Нашиот музички просперитет не дојде преку ноќ. Одамна се занимаваме со музика, а минатата година беше само пресудна за рапиден пресврт во одлуката за она што понатаму ќе го работиме. Мислам дека настапот на Евровизија ќе претставува само еден начин за искачување на повисокото скалило во развојот на нашата кариера. Публиката е таа што одлучува кому да му ја додели довербата. Публиката никогаш не можеш да ја излажеш...

Стефан: Верувајте, за да се постигне ова што ние го правиме, не се доволни само 11 месеци. Потребно е огромен труд и работа за да се постигне сето ова. Како што ви е познато, одамна се занимаваме со музика. Музиката е дел од нас и ја носиме со себе од најрани години...

Ве плаши ли евентуалниот лош пласман во Москва?

Мартин: Народот вели: Се што ќе дојде, добредојде. Убаво би било да не се случи тоа, но без разлика, и ако не успееме да го промениме досегашниот статус што го постигнаа македонските претставници, ќе ни биде многу жал за очекувањата на многумина што позитивно гледаат на работите.

Стефан:
Одиме со позитивна мисла. Навистина би сакале Македонија да се гордее со својот претставник! Ја сакаме нашата земја и ќе дадеме се од себе да ја пренесеме на сцената во Москва позитивната енергија што во моментов ни ја дава...

Какви се плановите по Евровизија? Плановите врзани за музичката кариера?

Мартин: Планови има, но за нив е задолжена нашата продуцентска куќа...

Ве смени ли успехот што Ви се случи преку ноќ, особено евровизиската приказна?

Мартин: Воопшто не, ние сме истите оние момчиња што живеат за музиката и со неа. Единствената промена се многубројните обврски, поради кои за жал немаме многу време редовно да ги посетуваме предавањата на факултетите на коишто сме запишани. Но тоа нема да го запоставиме бидејќи факултетот ни е исто така приоритет во животот, и мораме да го завршиме...

Стефан: Не се чувствуваме во ништо поинаку од порано. Секогаш ќе знаеме кои сме и од каде сме. Нашите пријатели и другари од детство се секогаш со нас, и тоа е нешто што секогаш ќе остане така.

Со кого најмногу се дружите од колегите во Македонија?

Мартин и Стефан: Имаме многу пријатели од естрадата, и сите ни се подеднакво драги...

Планирате ли да смените нешто порадикално во Вашиот имиџ во блиска иднина? Да се потстрижете, на пример, или да го смените музичкиот правец?

Стефан: Најважно од се е да се чувствуваш свој со она што го носиш во и со себе. Можеби ќе дојде момент кога ќе одлучиме да смениме нешто во својот имиџ, меѓутоа засега и на овие години навистина се чувствуваме одлично онака како што изгледаме. Можеби некому ќе му звучи нескромно, но едноставно тоа сме ние.

Што Мартин најмногу му забележува на Стефан, и обратно - што Стефан најмногу му забележува на Мартин?

Мартин: Ние сме близнаци, имаме малку поразлични карактери, ама едно е сигурно - одлично се надополнуваме и функционираме.

Стефан: Не дека понекогаш нема сугестии од двете страни за какви било прашања, но најважно е што секогаш знаеме да ги решиме на најдобар можен начин. Сугестиите ги разбираме како позитивна страна на нашите личности. Верувајте, одлично се разбираме и во суштина сме доста поврзани. Па, нели сме близнаци?!

Сте се скарале ли некогаш меѓу себе заради иста девојка?

Мартин и Стефан: Никогаш!

Која е најдобрата, а која е најлошата работа што Ви ја донесе популарноста?

Мартин: Најдобрата работа што ја доживеавме е задоволството да се има публика која те сака и те поддржува, да се радува на твоите настапи, на секој нов стих и песна. Имаме се поголем број на вистински пријатели со кои секојдневно се допишуваме...

Стефан: Во целост се согласувам со Мартин! Најлошата работа се уште не сме ја доживеале и да даде Бог ниту еден човек никогаш да не се почувствува лошо. Тоа не му го посакувам никому! Многу е убаво да гледаш позитивни луѓе околу себе. Тоа ти дава огромна енергија!

За што сонуваат Некст тајм?

Стефан: Секој човек има свој сон, па така и ние, но мислиме дека можеби моментално го живееме нашиот сон. Едно знаеме - се чувствуваме среќни и исполнети, музиката е нашиот сон, наше секојдневие и наш живот.

По националниот Евросонг ја прекинавте соработката со продукција План Б и со менаџерот Кристијан Стефановски. Која е Вашата вистина за овој радикален чекор, особено ако се знае дека План Б успешно Ве презентираше во јавноста кога беше најтешко - кога започнувавте со медиумски пробив?

Мартин: Моментално сме фокусирани и концентрирани на нашиот настап во Москва, со цел да ја претставиме Македонија во најдобро светло и да дадеме максимум од себе. Се што правиме е во наш интерес и во интерес на нашата кариера. Јован Јованов, а сега Јованов рекордс, е од самиот почеток со нас и несебично се грижи за нашите кариери. Не поддржува и верува во нас, а неговата поддршка и поддршката од нашиот тим ни е најбитна.

Ги слушнавте ли Вашите евровизиски конкуренти, и што особено би издвоиле како посебно добро?

Мартин и Стефан: Сите, ама баш сите песни се добри. Зошто би било поинаку кога се избрани во национални селекции и им е дадена шанса за презентирање на својот народ? Се разбира, само еден ќе биде победник.

Постои ли таен ритуал што го правите пред секое излегување на сцената и што задолжително ќе го направите пред настапот во Москва?


Мартин: Кога би ви го откриле ритуалот, тој веќе не би бил таен. Ете, нека остане нешто што можеби ќе го откриеме по Евровизија 2009 во Москва!

Стефан: Во секој случај благодарност до Теа модерна за интересот за интервју со нас, а на сите читатели им благодариме за времето што го посветуваат за да бидат информирани за сите актуелни настани!

***

Иако Некст тајм го преферираат рокенрол-звукот, на наше барање одбраа, според нив, пет најдобри евровизиски песни на сите времиња:

1. Ватерло - АББА

2. Инсјеме - Тото Кутуњо

3. Лајф - Тоше Проески

4. Молитва - Марија Шерифовиќ

5. Прегрни ме сега - Џони Логан
Вратете се на почетокот Go down
http://darkoilievski.forummk.com/index.htm
Simona*
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 4226
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 6:44 pm

Вљубен Елена фала многу.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
Elena^



Пол : Female
Хороскоп : Capricorn
Број на мислења : 101
Поени : 3003
Репутација : 7
Registration date : 2009-03-28
Age : 26
Локација : Струга

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 7:03 pm

Simona* напиша:
Вљубен Елена фала многу.
;]
Вратете се на почетокот Go down
http://darkoilievski.forummk.com/index.htm
macaparket
Официјализиран Паркет!


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 896
Поени : 4094
Репутација : 137
Registration date : 2009-03-22
Age : 21
Локација : Telo vo Skopje,srce vo Krusevo

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 7:10 pm

Се согласувам со нив за многу од работиве кои ги кажале..но доле кај песните Лајф би ја ставила на Бр.1 :D 
Имаме слични ставови со Стефан хехе.Барем во однос на размена на енергија со публиката. ;]
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/toseanangelforever
zorica
x3 Некст Тајм (:


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 571
Поени : 3470
Репутација : 17
Registration date : 2009-03-28
Age : 21
Локација : Bitola

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 9:00 pm

Fala mn Elena^...Interesno intervju Намигнува
Вратете се на почетокот Go down
Simona*
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 4226
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 9:34 pm

macaparket напиша:
Се согласувам со нив за многу од работиве кои ги кажале..но доле кај песните Лајф би ја ставила на Бр.1 :D
Имаме слични ставови со Стефан хехе.Барем во однос на размена на енергија со публиката. ;]

Јас пејачот би го ставила на прво место... ама песната... Не, не
Сите песни на Тоше се 100% поубави од оваа.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
macaparket
Официјализиран Паркет!


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 896
Поени : 4094
Репутација : 137
Registration date : 2009-03-22
Age : 21
Локација : Telo vo Skopje,srce vo Krusevo

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 9:36 pm

Simona* напиша:


Јас пејачот би го ставила на прво место... ама песната... Не, не
Сите песни на Тоше се 100% поубави од оваа.
Да Лајф  е малку....ама сепак кога станува збор за изведба би дошла на прво место.Да не ме сватите нешто погрешно. ;]
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/toseanangelforever
majanik



Пол : Female
Хороскоп : Capricorn
Број на мислења : 283
Поени : 3225
Репутација : 35
Registration date : 2009-04-02
Age : 84
Локација : New York

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 9:39 pm

Intervjuvo go citav u Tea moderna i top e, no ve podrzuvam za Tose.
Намигнува
Вратете се на почетокот Go down
Moni x3 next time
(x3 Некст тајмовци)


Пол : Female
Хороскоп : Leo
Број на мислења : 320
Поени : 3215
Репутација : 10
Registration date : 2009-04-03
Age : 20
Локација : Велес

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 10:16 pm

фала за интервјуво... ;] ;]
Вратете се на почетокот Go down
Леа
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Gemini
Број на мислења : 695
Поени : 3893
Репутација : 77
Registration date : 2009-03-20
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 10:28 pm

Фала за ова :)

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
dori



Пол : Female
Хороскоп : Capricorn
Број на мислења : 85
Поени : 2889
Репутација : 6
Registration date : 2009-04-26
Age : 20
Локација : Bitola

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Пет Мај 01, 2009 10:50 pm

Fala mnogu za intevjuto Се смее :) :D CooL1
Вратете се на почетокот Go down
Natali ohrid
<3 Next Time!


Пол : Female
Број на мислења : 532
Поени : 3448
Репутација : 23
Registration date : 2009-03-29
Локација : Охрид,Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Саб Мај 02, 2009 1:10 pm

Ako ne veruvame vo niv vo kogo bi veruvale se soglasuvam so niv :)
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Верувајте во нас, имаме што да покажеме!   Today at 7:46 am

Вратете се на почетокот Go down
 
Верувајте во нас, имаме што да покажеме!
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | www.sosblogs.com
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum