Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Постари интервјуа

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
macaparket
Официјализиран Паркет!


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 896
Поени : 4095
Репутација : 137
Registration date : 2009-03-22
Age : 21
Локација : Telo vo Skopje,srce vo Krusevo

ПишувањеПредмет: Постари интервјуа   Пон Мај 04, 2009 10:47 am

Моето второ ЈАС – Next Time

Во потрага по идеалната љубов


 
Близнаците Стефан и Мартин, кои го сочинуваат двоецот Next Time, беа доволно љубезни и одвоија малку време за да ги одговорат прашањата од рубриката Моето второ ЈАС. Иако зад нив се само две песни, публиката во Македонија одлично ги прифаќа, а пошироката јавност наскоро ќе ги види како едни од учесниците на летниот Радиски фестивал во Охрид.

Обете песни на Next Time – Ме мислиш ли и Не верувам во тебе за free download ги имате во нашата секција MMMp3…

Ресторан во кој последен пат најдобро сте ручале?

Стефан: Ниту еден ресторан не би ја заменил кујната на мојата баба.

Мартин: Последниот ручек го имав во Irish Pub во Штип. Одлична пастрмајлија...

Најзаводлива домашна пејачка е...?

Стефан: Едда многу, многу позната пејачка (од моето соседство)!!!

Мартин: Уууффф... Тешко прашање...

Што најпрво би смениле кај себе?

Стефан: Никогаш не сум размислувал на оваа тема. Мозеби Next Time ќе Ви дадам одговор.

Мартин: Сега за сега ништо!

Последен добар концерт на кој сте биле?

Стефан: Концертот на Whitesnake на Лизгалиштето во Скопје и Тоше на Градски стадион.

Мартин: Концертот на Велвет Револвер во Будимпешта, Тоше на Градски стадион и Леб и сол во Метрополис Арена.

Кој е гениј?

Стефан: Оној кој што знае да ги препознае и да ги почитува правите вредности, како и да се чувствува добро во својата кожа.

Мартин: Оној кој што и кога му се случуваат лоши работи, знае да каже: Тоа не е крај на светот.

Што читате?

Стефан: Сакам да читам секаква литература, т.е. книги кои што можат да ми створат јасна слика со својата приказна. Во моментот го читам Декамерон и Пеколот.

Мартин: Бизнис економија (ха-ха-ха)

Омилен писател?

Стефан: Данте Алигиери.

Мартин: Венко Андоновски, впрочем и мој Професор (Папукот на светот).

Со кое друштво го замислувате совршеното патување? На која дестинација?

Стефан: Со моите најблиски другари од детсвото. Со нив секогаш се чувствувам свој. Омилено место ми е Охрид и Крушево.

Мартин: Се разбира со моите најдобри другари. Со нив би одел секаде и во секое време... А се надевам и со некоја девојка.

Последна работа, приказна или сцена што од срце ве насмеала?

Стефан: Приказната дека за време на снимањето на нашиот спот било бурно.

Мартин: Момците од К-15 со нивните скечеви.

Филм што би го препорачале?

Стефан: Nacho libre со Jack Black ,Semi-Pro со Wll Ferrel, A lot like love

Мартин:
Wicker Park - Josh Hartnett, Awake - Hayden Christensen и Jessica Alba

Идеална љубов е...?


Стефан: Се уште не знам како изгледа идеалната љубов! Веројатно таква како од филмот Notebook.

Мартин: Најверојатно идеално! Љубов на прв поглед.

Што би сакале да ви се случи месецов?

Стефан: Успешно да ги положам испитите по италијански јазик.

Мартин: Успешно да ги завршам испитите на Бизнис економија.

Како ја замислувате идеалната пролет?

Стефан: Пролет со сонце без заби (ха-ха-ха).

Мартин: Малку дожд, повеќе сонце и прошетка низ паркот.

Во кој момент најчесто почнувате да се досадувате во кафуле?

Стефан: Никогаш не ми е досадно во кафулињата, веројатно затоа што секогаш сум со добро друштво.

Мартин: Никогаш не се досадувам, едноставно знам секогаш убаво да си поминам.

Омилен композитор и што кај него највеќе ве импресионира?

Стефан: Композиторот Миро Буљан - Неговите песни се доказ за неговата вредност и квалитет.

Мартин: Одличен композитор за мене е Ричи Самбора, кој го почитувам многу, а и Миро Буљан. Се согласувам со Стефан, дефинитивно.

Последно цеде во домашна колекција е...?

Стефан: Good to be bad – Whitesnake.

Мартин: DVD од Тоше Проески и Lost Highway - Bon Jovi.

Која боја ви се саботите?

Стефан: Спектар од многу, многу бои. Саботата ми е најубавиот ден во неделата.

Мартин: Пастелна зелена! Боја на одмор. И понекогаш бојата на љубовта:)

Без што не можете да го замислите денот?

Стефан: Денот не можам да го замислам без пеење и свирење гитара.

Мартин: Денот не можам да го замислам без мојата гитара и вкусна пица.

Песна за крај?

Стефан: Sometimes I dream во изведба на Mario Frangoulis.

Мартин: The Hardest Thing – дефинитивно од пејачот број 1 во Македонија – Тоше Проески.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/toseanangelforever
macaparket
Официјализиран Паркет!


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 896
Поени : 4095
Репутација : 137
Registration date : 2009-03-22
Age : 21
Локација : Telo vo Skopje,srce vo Krusevo

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Пон Мај 04, 2009 10:50 am

Не се натпреваруваме кој повеќе девојки ќе освои!

Близнаците Мартин и Стефан, од мошне популарното дуо Next Time, пред настап на Вечерта на нови ѕвезди на Охрид-фест 08 (закажана за четврток, 21. август), беа љубезни да одговорат на неколку прашања што им ги постави МММ.

На фестивалот во Охрид, каде Next Time дефинитивно настапуваат како едни од фаворитите во дебитантската програма, популарните близнаци ќе ги видиме со песната Ме остави сам да живеам, која наскоро ќе ја имате и во нашата mp3 секција. 

Интервјуто кое е пред вас е исклучиво на иницијатива на еден куп обожаватели на Next Time, кои постојано не засипуваат со мејл-пораки, распрашувајќи се околу актуелните ангажмани и идните планови на Мартин и Стефан.
Уживајте во разговорот!

Со само две песни Next Time станаа миленици кај тинејџерската публика. Искрено, очекувавте ли толку голем успех за кусо време?

Стефан: Искрено не мислам дека сме постигнале некој голем успех... Допрва треба да се докажуваме..., а многу сум среќен што не прифати публиката… Сакам само да се заблагодарам на нашата матична продуценска куќа План Б и на нашиот менаџер Кристијан Стефановски.

Мартин: Задоволни сме од постигнатото, но нема да застанеме тука, затоа што ова е само почеток и мислам дека имаме уште многу да покажеме и да се докажуваме. Голема благодарност до сите што не поддржуваат.

Колку ви се смени животот последниве неколку месеци?

Стефан: Животот баш и не ми се смени многу, меѓутоа факт е дека се почесто не препознаваат на улица, а тоа секако ми годи. Посакувам и се надевам дека нема да летнам во облаци и да паднам во занес дека сум кој знае што... Секогаш ќе знам кој сум и од каде доаѓам...

Мартин: Животот и не ни се смени многу. Едноставно го сакаме она што го правиме, и работиме со љубов. Се надеваме дека еден ден тоа ќе ни се врати…

Кој има повеќе успех кај девојките - Мартин или Стефан?

Стефан: Ова што го правиме не го правиме за да освојуваме девојки -едноставно сакаме да го слушне народот она што ние го чувствуваме преку музиката што ја правиме и ќе ја правиме.

Мартин: Не го разбираме ова како натпревар кој повеќе девојки ќе освои. Едноставно, сакаме девојките и момчињата да ја сакаат и да ја ценат нашата музика.

Какви се очекувањата од претстојниот настап на Охрид-фест, каде важите за фаворити? 

Стефан: Не знаев дека важиме за фаворити, затоа што има доста изведувачи кои се квалитетни. Како и да е, очекувам да излеземе на сцена и да ја испееме песната најдобро што можеме, или поточно онака како што ја чувствуваме. Тоа е една прекрасна ,прекрасна песна…

А онаа материјална награда, и не е толку битна, колку што е битно да ја добиеме наградата од публиката – прифаќање на песната и нашата интерпретација.

Мартин: Важно ни е да се докажеме и да се претставиме најдобро што можеме. Едноставно, ова го сваќаме како наша промоција и промоција на новата песна. Само сакаме публиката да е задоволна од она што ќе го слушне, и секако да разбере дека ова го правиме единствено за неа. Таа, публиката, е нашиот репер.

На Охрид-фест ќе настапиме со една преубава песна, за која што и текстот и музиката и аранжманот се на Дамјан Лазаров и Јован Јованов.

Со кого се дружите од актуелната домашна естрадна сцена?

Стефан: Со кого и да се сретнеме, знаеме да направиме добар муабет. Не сакам да издвојувам никого, затоа што сите ги цениме.

Мартин: Сите ги цениме подеднакво, затоа што сите сме уметници во музиката и секогаш сме подготвени со секој од естрадата да си направиме убав муабет.

До каде се подготовките врзани за вашиот деби-албум?

Стефан: Подготовките ќе одат со забрзано темпо после фестивалите. Сакам тоа да биде албум кој ќе биде доста квалитетен... Како што се вели - Прво па машко!

Мартин: Албумот полека но сигурно го подготвуваме. Пред се сакаме да сработиме албум кој ќе остави белег во македонската музика, а исто така и ние во неа. Се надевам дека ќе биде готов до крајот на годината.

Ќе дојде ли со новиот албум и до промена на вашиот имиџ?

Стефан: Не верувам дека ќе дојде до промена на мојот имиџ - вака најдоборо се чувствувам!

Мартин:
Уверен сум дека тоа што сме сега, ќе останеме засекогаш. Знаете, оваа професија носи и малку посериозен принцип на живот, но се надевам дека и во иднина ќе останеме исти и природни, а особено секогаш располозени за дружење.

Каде се настапивте ова лето и од каде носите најдобри впечатоци?

Стефан: Имавме доста настапи. За манифестацијата Топол културен бран пеевме во Куманово, Јосифово, Пехчево, Дојран, Свети Никол и други места... Не можам да издвојам каде најдобро си поминав, затоа што секаде публиката беше супер... Едноставно ми се допаѓаше онаа комуникација што ја имавме со сите нив - на сцената и надвор од неа.

Мартин: Се согласувам со Стефан! Едноставно, секаде низ Македонија има прекрасна публика. Уверени сме во тоа, бидејќи ова лето имавме доста ангажмани.

Што стана со испитите за кои зборувавме во претходното интервју - по италијански јазик и бизнис-економија? Ги положивте ли?

Стефан: Некои испити (на факултетот по италијански јазик), ми останаа за септември, па се надевам дека ова сесија ќе успеам да ги положам:)

Мартин: Ха,ха,ха, се разбира ги завршив на време. Едноставно ме привлекува тоа што го студирам и се надевам дека за две години ќе дипломирам.

Каде се гледате во следниве пет години?

Стефан: Никогаш не сум гледал толку далеку во иднината. Секогаш сум живеел за моментот во кој сега се наоѓа, меѓутоа, како и секој изведувач посакувам да се видам на голем концерт:)

Мартин:
Убаво е човек да има визија и погледи малку подалеку, меѓутоа, сакаме полека но цврсто да чекориме и да одиме што подалеку и подалеку. Би сакал еден ден и ние да го доживееме чуството на добар и преголем концерт. Се надеваме дека нашата визија ќе ја доживее и публиката - И ветуваме!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/toseanangelforever
macaparket
Официјализиран Паркет!


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 896
Поени : 4095
Репутација : 137
Registration date : 2009-03-22
Age : 21
Локација : Telo vo Skopje,srce vo Krusevo

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Пон Мај 04, 2009 10:56 am

Уживаме кога сме во друштво со обожавателките... 

Под мотото: Се што сте сакале да ги прашате Next Time, а не сте имале можност, организиравме мејл-интервју со Мартин и Стефан, а на најоригиналните прашања што им беа испратени, тие испратија оригинални одговори.

Па, да почнеме...

Илчо Димитријоски испрати две прашања: Јас сум од селото Жван. Во една емисија рековте дека доаѓате од исто село од кое сум и јас. Дали често доаѓате во ова село?

Next Time: Од Жван потекнуваат родителите на нашиот татко Никола. Се сеќаваме уште како мали честопати ги поминувавме таму летата. Скоро секоја година по дваесетина дена уживавме во убавините на Жван. Горди сме што дел од нашите корени се од таму, а што е можно поскоро планираме повторно да го посетиме селото.

Што мислите – која ваша песна е најубава?

Мартин: За мене сите песни се подеднакво убави. Во нив е оставена нашата душа и срце… Кога веќе би избирал една, тоа би била песната Изгубен, што се наоѓа на нашиот прв албум… Некако најмногу емоции имаме вметнато во неа.

Стефан: Сите песни ми се драги, во сите песни се пронаоѓам донекаде. Меѓутоа, ете можеби песната Изгубен ми е најдрага бидејќи… текстот е мој...

Благоја Поповски: Дали имате планови за кариера надвор од Македонија, пред се мислам на екс-ЈУ просторот?

Next Time:
Се разбира дека имаме. Секој музичар се стреми да ги помине границите и да постигне нешто ново, нешто што би било ново како за нас , така и за целата земја. Меѓутоа, да не брзаме, сакаме пред се да не прифати публиката тука во Македонија… За сите наши планови и активности понатаму, се грижи нашиот менаџер Кристијан Стефановски и План Б продукција.

Сања Нелкова: На домашниот Евросонг ќе настапите со песната Нешто што ќе остане. Какви се очекувањата, се подготвувате ли за победа?

Next Time: Се подготвуваме за да реализираме што е можно подобар настап, а очекувањата, хммммм… Она што ние го посакуваме е тоа, песната да ви се допадне, како вам, така и на останатите. Сакаме секој да може да се пронајде во неа. Ние сме задоволни од тоа како ја реализиравме оваа композиција, останува вие да одлучите дали ќе ви се допадне или не. Искрено, не помислуваме на ништо друго во моментов. Најважно од се е песната да стане слушана, а на Скопје 2009 нека победи најдобрата песна. Важно ни е да нема некои задни игри, туку е народот да ја избере песната.

Даниела Радевска: Кого сметате за најголема конкуренција на национален Евросонг?

Мартин: Конкуренција не треба да владее на фестивалот, па дури и во животот, публиката го избира победникот и таа најубаво знае кој треба да не претставува во Москва оваа година. Ние сме само изведувачи кои треба да им понудиме нешто добро, нешто квалитетно, односно нешто што навистина би вредело.

Стефан: Се сложувам со Мартин, едноставно ние го работиме она што најдобро знаеме да го работиме и верувајте ми дека не се натпреваруваме со никого ,сите колеги од музичката естрада прават музика по свој вкус, а ваше е да одлучите која музика ќе ви се допадне. 

Александар Димевски: Кој има поголем успех кај девојките – Мартин или Стефан?

Next Time: Секогаш во весниците како наслов ни го издвојуваат ова прашање, меѓутоа поважно е да правиме муабет за музиката, поради тоа што не станавме ова што сме денес за да придобиваме повеќе девојки.

Дејан Даниловски: За која песна од вашиот прв албум сте емотивно најмногу врзани?

Мартин: Најмногу емотивно ме врзува песната Изгубен која што ја направивме пред 2 години , меѓутоа ја реализиравме токму сега и се надевам дека ќе ви се допадне.

Стефан: Емотивно сум врзан за две песни чии наслови се Изгубен и Немој да плачеш за крај. Едноставно тие се во мојот стил…

Сашка Алексовска: Ги слушнавте ли песните на вашите колеги кои ќе настапат на Евросонг 2009 и чива песна најмногу ви се допаѓа?

Next Time: Се уште не сме ги слушнале песните на другите изведувачи, меѓутоа веруваме дека се навистина добри, има доста квалитетни изведувачи. Ние се надеваме дека на сите ќе ви се допаднат.

Бојан Христовски: Имаат ли Мартин и Стефан хоби или некој друг интерес, освен музиката?

Мартин: Да, се разбира дека имаме хоби, во слободно време играме фудбал, а ме интересира и фотографијата . 

Стефан: Секогаш наоѓам време за фудбал, меѓутоа се помалку слободно време имам за него, а како и да е овој спорт е број еден во мојот живот.

Бисера Коцарева имаше повеќе прашања: Имате девојки?

Next Time: Многу пати сме кажале дека немаме девојки, ете тој статус не сме го промениле .

А кога ќе се ишишате?

Next Time:
Сега за сега се чуствуваме пријатно со нашите фризури, меѓутоа никогаш не се знае што носи времето…

Зошто Стефан ја ишатира косата?

Стефан: Овој стил ми се допаѓа и ете… Да се разликувам од Мартин, хехе. 

Еј, ви теквит ко бевте во Охрид, во Х-Фактор и ко јадевте пица во Немо, а ние ко идевме по вас, зад вас, со вас...?

Next Time: Ни теквит. Многу ни значи поддршката од сите оние кои ни ја даваат.Супер е чувството кога знаеш дека некој те поддржува, така што друг пат не не следете викнете не и ние ќе ве земеме со нас на пица.

Ајде сега малку поозбилно: Што мислите за шансите за победа на Избор за песна на Евровизија?

Next Time: За тоа оставаме Македонија да одлучи! Ние ќе бидеме таму да ја изведеме песната колку што е можно подобро ,да го оставиме срцето на таа сцена, а верувајте дека тоа публиката ќе го примети. 

Кои ви се идоли и мотиватори за успех во музичкиот бизнис?

Next Time: Има луѓе кои што ги почитуваме и кои што ни даваат пример за добро однесување и успех во животот, меѓутоа немаме идоли…

Каде наоѓате инспирација за вашите прекрасни песни (34 се мислам)?
И то... Ајде се гледаме Next Time. Ве сакаМММ.


Next Time:
Инспирација наоѓаме во секојдневниот живот , во се она што не опкружува и од искуството што го имаме. Инаку на албумот има тринаесет песни и се надеваме дека ќе ги слушнеш и останатите. И ние те сакаМММе .

Елена Јовческа: Која е вашата омилена дестинација која би сакале да ја посетите?

Мартин: Во моментов многу дестинации би сакал да посетам, сакам да претстојувам на некое место каде што ќе бидам со моето друштво и каде што ќе си направиме супер забава.

Стефан: Од секогаш сум сакал да одам во Рио де Жанеиро, на некоја од песочните плажи...

Посебно и само за Стефан: Дали би бил со некоја во врска, која би ја запознал како твоја обожавателка?

Стефан: Малку е тешко да се одговори на ова прашање, бидејќи никогаш нема да бидеш сигурен дали девојката ќе ме сака мене или моето опкружување…
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/toseanangelforever
macaparket
Официјализиран Паркет!


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 896
Поени : 4095
Репутација : 137
Registration date : 2009-03-22
Age : 21
Локација : Telo vo Skopje,srce vo Krusevo

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Пон Мај 04, 2009 10:56 am

Натали Јованоска: Најпрвин сакам да ве поздравам и да ви честитам за сите досегашни успеси. Навистина ја одбележавте 2008. година, а се надевам дека и понатаму ќе продолжите да ги ширите вашите позитивни вибрации. 
Што се однесува до прашањето, би сакала да знам, со оглед на тоа што вие сте едни од поновите музички имиња на македонската сцена и за толку краток период освоивте доста публика и постигнавте голем успех, колку сте задоволни со вашето првенче кое е доста слушано? Колку време го работевте и која е вашата најдрага песна на албумот? Ја имате целата моја подршка. 


Next Time: Најпрво голема благодарност кон тебе за твојата подршка и убавите зборови, кои ни даваат мотив повеќе да работиме. Ние сме презадоволни од тоа како излезе албумот, вложивме голем труд во него и доста емоции и искрено сме пресреќни кога ќе слушнеме дека некој го слуша она што сме го понудиле. 
Сите песни ни се драги и сите се работени со посебно внимание!

Валерија Јовановска има многу прашања: Кои ви се плановите за во иднина? Кога треба да го очекуваме вашиот прв солистички концерт?

Next Time: Сега за сега се спремаме за настапот на Изборот за песна за Евровизија, апотоа планираме да направиме и нови спотови за песните од нашиот деби албум. Кога станува збор за концерт, тоа зависи од вас, со тоа што колку повеќе го посакувате тоа, толку поголеми се шансите за еден концерт кој и ние сакаме да ни се случи. За нашите идни планови всушност одлучува нашата продукција – таа знае што е најдобро за нас и кога што треба да се случи.

Дали имате некој ритуал што сегогаш го правите пред настап?

Стефан: На мене ми треба да посветам повеќе време пред настапот. Како и секој изведувач, се загревам со неколку вида на вежби за гласот за да можам да функционирам на сцената, а после настап секогаш земам ментол бонбони.

Како се справувате со сите ваши обожавателки?

Next Time: Па не е ништо комплицирано, едноставно ние уживаме во нивното друштво, како што кажавме - ние постоиме за сите нив, така да најпријатно се чувствуваме кога сме меѓу обожавателите.

Што очекувате од Изборот за песна на Евровизија?

Next Time: Очекуваме добар настап и се надеваме на добро прифатена песна - тоа е најважно.

Кои ваши училишни моменти ви се најдраги и никогаш нема да ги заборавите?

Next Time: И од основно и од средно училиште паметиме многу драги моменти... Секогаш после училиште игравме фудбал со другите класови, а се сеќаваме дека уживавме и во навивањето на нашите девојки од класот. Од средношколските тоа се излегувањата и дружењата...

Кои биле вашите препишувачки трикови?

Next Time: Не знаеме зошто, но немавме голема можност да препишуваме, а верувајте ниту одевме на таа комбинација (многу ретко успешна), па така да повеќе пати доаѓавме со лекцијата во глава, а не на ливче.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/toseanangelforever
Леа
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Gemini
Број на мислења : 695
Поени : 3894
Репутација : 77
Registration date : 2009-03-20
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Пон Мај 04, 2009 1:29 pm

Фала за ова:)

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
macaparket
Официјализиран Паркет!


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 896
Поени : 4095
Репутација : 137
Registration date : 2009-03-22
Age : 21
Локација : Telo vo Skopje,srce vo Krusevo

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Пон Мај 04, 2009 4:23 pm

Ноу проблем. бакнеж
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/toseanangelforever
Natali ohrid
<3 Next Time!


Пол : Female
Број на мислења : 532
Поени : 3449
Репутација : 23
Registration date : 2009-03-29
Локација : Охрид,Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Пон Мај 04, 2009 4:32 pm

Фала :)
Вратете се на почетокот Go down
metallica4ever



Пол : Male
Хороскоп : Sagittarius
Број на мислења : 131
Поени : 2987
Репутација : 6
Registration date : 2009-05-03
Age : 23
Локација : Stip

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Вто Мај 05, 2009 12:12 pm

Toa se vika 'Dublin'-Irish Pub stavrno e zakon jadenjeto, a nie stipjanite sme poznati po dooooooobrata pastramajlija :)
Вратете се на почетокот Go down
zorica
x3 Некст Тајм (:


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 571
Поени : 3471
Репутација : 17
Registration date : 2009-03-28
Age : 21
Локација : Bitola

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Вто Мај 05, 2009 2:15 pm

Site ovie gi imam citano i navistina se interesni..;]
Вратете се на почетокот Go down
majanik



Пол : Female
Хороскоп : Capricorn
Број на мислења : 283
Поени : 3226
Репутација : 35
Registration date : 2009-04-02
Age : 84
Локација : New York

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Пет Јун 12, 2009 2:00 pm

Еве некое постаро интервју на Некст Тајм
Интервју: Next Time - Народот одлучува за се !

од RadioMK
Објавено на: Февруари 18, 2009

Во претевровизиска еуфорија по иницијатива на посетителите на
РадиоМк, Некст тајм по втор пат одговараат на нашите директни прашања
врзани за евросонг и нивните најнови случувања во музиката. Освен што
се победници во нашата анкетата за кого типувавте на евросонг тие се
фаворити и на повеќето јавни акети и прашалници...

Во продолжение ќе го следите разговорот помеѓу РадиоМк и Некст Тајм,
тие накратко ни откриваат детали за и околу евровизискиот избор во
Македонија каква е нивното размислување околу тоа, зачинето со неколку
интересни OFF прашања....:)

Како ви течат подготовките за претевровизискиот настап во
универзалната сала во Скопје што ќе се одржи на 19 февруари како 15 -ти
по ред во првата полуфинална вечер?

- Имајќи во предвид дека музиката ќе се изведува на матрица ,а само
вокалната изведба ќе оди во живо , Стефан одвојува повеќе време за
вежбање и за подготовка. За сецнскиот настап не се подготвуваме многу,
едноставно ќе се однесуваме на сцена онака како што во моментот ќе се
чувствуваме.
Колку
сте подготвени за сето она што следи во евровизиската еуфорија со оглед
на тоа што неколку години наназад имаме неквалитетен избор,
(недоразбирања и разноразни случувања околу учесниците)?

- Не сме премногу преокупирани со сето тоа, едноставно сакаме
да ја изведеме нашата песна што е можно подобро и песната да биде доста
слушана ,секој кој ќе ја слушне да ја почувствува исто онака како што
ја чувствуваме и ние. Тоа ни е најважно …

Колку на вас ви значат гласовите од посетителите на РадиоМк
иако овој пат по нивна воља сте избрани како поотенцијални победници на
настанот?

Според нас, изведувачот се покажува на сцена, меѓутоа нема да
ве излажеме кога би кажале дека ни е премногу мило што народот одлучил
токму ние да се бидеме нивен фаворит. Ние сме премногу благодарни на
сите што гласале за нас, меѓутоа пак ќе напоменеме дека : изведувачот
треба да ја оправда дадената доверба. Дали чустувате некаква конкуренција? И што мислите за останатите фаворити?

- Навистина никогаш нема да ги чувстуваме колегите како конкуренција
, односно како музичари кои си тераат по својот пат и кои што прават
музика онаква каква што им одговара.
А дали тие не сметаат како конкуренција не би можеле да ви одгвориме,
затоа што не го знаеме одговорот. Би требало нив да ги прашате. За
останатите фаворити мислиме дека се фаворити :).
Кои се вашите адути?
- Имајќи во предвид дека преферираме настап во живо, секогаш сме
спремни за таков предизвик и едноставно веруваме во себе. Најголемиот
адут е тоа што не одиме на победа по секоја цена, едноставно сакаме да
се претставиме и да ја оправдаме довербата на сите оние кои не
подржуваат.
Доколку се случи победа во домашниот избор за евровизија,
дали се сметате за доволно подготвени да го дадете максимумот што го
бара Европа за еден квалитетен и успешен настап ?

- Секогаш сме спремни да ги браниме боите на
нашата држава ,едноставно би оставиле дел од нас на таа евровизиска
сцена а сепак и да не се најдеме таму , секогаш ќе го даваме нашиот
максимум.

Со оглед на тоа што имате специфичен имиџ, дали сметате дека
тоа ќе ја долови уникатноста што честопати на евровизија знае да биде
приоритет?

-Со години наназад , на евровизиските
настапи доаѓале до израз оние изведувачи кои што имале поспецифичен
имиџ од останатите.Меѓутоа не го оспоруваме фактот дека во прв план
треба да биде музичкиот талент па понатаму ….
Покрај евровизиската еуфорија да се надоврземе до
непосредниот настан Кирилицо испеана, каде што на свој начин ја
донесовте песната “Кажи ми” изведена од страна на Драган Мијалковски,
дали тој го прифати она што вие го понудивте?

-”Кирилицо
испеана” е проект каде што, на наше огромно задоволство, бевме дел од
тоа случување.Овој проект е направен со цел, старите евергрини да
стекнат афирмација кај помладата популација. Ние ја изведовме песната
онака како што ја почувстувавме, а верувајте ми премногу е големо тоа
чувство.Песнаат ја избравме затоа што сме импресионирани од нашиот
познат изведувач , како од неговите песни така и од неговиот
ненадминлив вокал.Со Драган Мијалковски се запознавме позади сцената и
презадоволни сме од неговиот став околу нашата интерпретација- беше
позитивен и ни ја даде својата подршка за во иднина.

Кога сме веќе кај преработките во изминатиот период имамве
прилика да ја видиме и чуеме италијанската Caruso колку вие сметате
дека тоа е успешен проект?

- Песната Карузо ја направивме по наша желба а аранжманот е на Јован
Јованов и Дамјан Лазаров. Сметаме дека со извонредната преработка стана
популарна и кај помладата популација, барем според коментарите а тоа ни
е особено драго. Навистина вложивме доста труд и работа за да звучи
онака како што звучи.

Со
оглед на тоа што во доста брз период го уживате врвот на македонската
музичка сцена , дали дел од веќе докажаните музички изведувачи ја
покажуваат љубомората на вашиот досегашен успех?Неколку пати во
медиумите имавме прилика да ги видиме дел од вашите колеги како ги
оспоруваат вашите ангажмани и успеси со благи и остри критики?

- Има уште премногу голем пат да се помине за да се стигне до врвот.
Ние сме сеуште на почетокот а за тоа дали колегите чуваствуваат некаков
вид на завист, повторно ќе ви одговориме дека досега не сме
почувствувале такво нешто од никого.

Дали досега се имате замерено со некои од медиумите, иако
повеќе од очигледно е дека Ексклузив и Бекстејџ се ривали? Зашто
подолго време немаме слушнато ништо за вас на Ексклузив додека
гледачите во поголем број ги дознаваат вашите информации преку
емисијата Бекстејџ?

- Не сме се замериле со никого , а и зошто би имале потреба од
такво нешто. Свесни сме дека во голем дел медиумите се тие кои што во
многу придонесуваат за афирмација во јавноста.Благодарни сме на сите
медиуми кои што несебично не поддржаа во досегашниот период -буквално
на сите .За секого сме подеднакво отворени…

Каква е досегашната соработка со План Б продукција и вашиот менаџер Кристијан Стефановски? Колку тој ви помага и вложува во вас?

- Со План Б продукција сме од почеток на нашата кариера па се
до ден денес ,премногу сме благодарни што ни ја дадоа целата подршка и
се надеваме дека соработката ке продолжи и понатаму.


Дали вашите амбиции освен во Македонија за успех на музчки план, се насочени и надвор кон границите?
- Нашите афинитети сега за сега се : пред се да ја стекнеме
довербата на домашната публика а за тоа треба напорно да работиме .
Како и да е имаме желба да се афирмираме и надвор од границите на на
нашата земја, се разбира доколку успееме понатаму…
Наскоро во предвид се две големи хуманитарни акции едната
во Тетово на 26 февруари и другата Во Скопје во салата Борис Tрајковски
на 28 февруари и сте најавени како учесници, дали тоа го правите заради
публицитет или тоа е нешто што вие на некој начин го правите од срце?

- Никогаш нема да правиме нешто поради публицитет ,се што
правиме е од срце и од душа - кога можеме, колку можеме, ке помогнеме
секогаш кога ќе имаме можност.


Што ќе изјавите за крај за посетителите на РадиоМк, дали често ја посетувате оваа страница?



- Голема благодарност кон оние кои што не поддржуваат па и кон оние кои
што не не подржуваат. Во иднина ќе се потрудиме да ја стекнеме и
нивната доверба .”
Слушајте добра музика која што може да ја најдете
тука на страницата на РадиоМк од каде што си симнуваме ние, сакајте се
и секогаш бидете позитивни …


Последната промена е направена од majanik на Пет Јун 12, 2009 3:21 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
milena smileska
MILENA <3 NEXT TIME


Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 700
Поени : 3577
Репутација : -20
Registration date : 2009-03-22
Age : 23
Локација : STIP

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Пет Јун 12, 2009 2:56 pm

fala mn site se super
Вратете се на почетокот Go down
Simona<3NextTime
Официјален фан на Некст Тајм


Пол : Female
Хороскоп : Aquarius
Број на мислења : 391
Поени : 3218
Репутација : 12
Registration date : 2009-05-29
Age : 21
Локација : Skopje, Aerodrom

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Саб Јун 13, 2009 6:37 pm

Fala :)
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/simona154ever
Ninadb



Пол : Female
Број на мислења : 25
Поени : 2853
Репутација : 10
Registration date : 2009-03-21
Локација : Vo srceto na Martin :D

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Нед Јун 14, 2009 6:36 pm

Случајно најдов 2 интервјуа..едното е со мајка им Сузана..читнете ги интересни се


Рингераја на гости кај Next Time (прв дел)



Автор:
Елена, редакција Рингераја


Рингераја
продолжува да ги посетува семејствата на нашите познати, и овој пат
решивме тоа да бидат евровизиските претставници “Next time”... (прв дел)






На гости кај “ Next time” (прв дел)


Рингераја продолжува да ги посетува семејствата на нашите познати,
и овој пат решивме тоа да бидат евровизиските претставници “Next time”.
Секогаш насмеани, со позитивна енергија, со некој посебен шарм, даден
од Бога, го прифатија разговорот, а нормално и мама Сузе која кога ја
контактиравме беше толку пријатна за разговор, што истиот момент ни
беше јасно од кого Мартин и Стефан наследиле многу работи. Уште една
потврда дека децата се огледало на родителите.





Разговорот го започнавме со мама Сузана :


*Дали знаевте дека носите близнаци и каква беше реакцијата кога ви кажаа?


Честопати ми го поставувале ова прашање моите блиски пријатели,
веројатно затоа што е невообичаено, симпатично, а сепак прекрасно да се
има две бебиња во исто време! Навистина јас до седмиот месец, не знаев
дека ќе родам близнаци. Кога ја разбрав веста од докторот дека ќе имаме
уште две дечиња и тоа во исто време, бев пресреќна. Зарем има некој
кој би се чувствувал поинаку? Инаку Мартин и Стефан имаат уште еден
постар брат Филип.


*Дали некој во вашата фамилија или во фамилијата на сопругот имаше близнаци?


Па, да близнаци имавме и од едната и од другата страна на семејствата.


*Како се чувствуваше во бременоста, дали постоеше голема
разлика помеѓу првата бременост со синот и втората со Мартин и Стефан?
Дали јадевте за тројца J? Дали се поправивте многу?



Како и секоја трудница, првата бременост се памети по тоа што е
прва и затоа што се поминува со многу повеќе страв и трепет , за тоа
дека треба да се вним ава на се, меѓутоа веќе во втората, па и третата
се е поедноставно. Можеби затоа обично мајките јадат многу повеќе од
потребното, добиваат непотребни килограми итн. Со првиот син Филип се
поправив навистина многу повеќе од килограмите што ги добив со Мартин и
Стефан.


*Дали се плашевте како ќе биде со две деца одеднаш и едно поголемо на кое исто така му треба внимание?


Не воопшто, јас по природа не сум плашлива личност, а особено не
се плашев за тоа дека ќе треба да одгледувам три мали дечиња (на скоро
иста возраст). Љубовта кон децата и радоста што ја носат тие е нешто
што останува и што ти дава сила за се во животот.


*Гледајќи ги Мартин и Стефан колку се културни, пријатни,
мили се гледа дека во нив е вложено многу труд, љубов, енергија. Ме
интересира кој беше вашиот метод на воспитување?



Многу Ви благодарам за прекрасните зборови! Ова е нешто што секој
родител сака да го слушне, а особено ако е тоа навистина така.
Слободно можам да кажам дека сум Горда на моите три синови. Методи и
политики нема, веројатно постои нешто што останува како наследство од
родителите. Како и да е постои една голема работа која што ниту еден
родител не смее да ја заборави, а тоа е дека со децата мора да бидеш
секогаш пријател, тие мора да сватат дека ги почитуваш и ги разбираш.


*Колку тато помагаше во обврските околу децата, какви
бебиња беа Мартин и Стефан и дали спиеја заедно или одвоено? Дали се
сеќавате на првото забче, првиот збор, првиот чекор? Дали работите кај
двајцата се одвиваа истовремено, заедно прозбореа, проодеа....?



Најголемата помош ја добивав од моите родители, на кои јас денес
јавно им изразувам голема благодарност, можеби затоа што родителите на
сопругот беа малку подалеку... меѓутоа постоеја и јасли, градинки и
забавишта. Мартин и Стефан беа многу мирни бебиња. Незнам, понекогаш се
прашувам дали заборавив на сите потешкотии во животот врзани за
нивниот развој или пак преголемата мајчинска љубов што ја имам кон
моите деца ме направи силна и јака, одлично да ги решавам сите работи?
Се сеќавам на сите убави работи и за се што е врзано за сите три деца.
Особено интересно, а што е врзано за Мартин и Стефан е нивното
проодување. Можеби е чудно но тие проодеа на 11 месеци во ист ден и во
ист момент. Тоа никако нема да го заборавам кога ги подадоа рачињата
еден кон друг и зачекорија....


*Дали во текот на денот успевавте да си посветите време само на себе?


За тоа дали наоѓав време за себе, со задоволство можам да кажам
дека никогаш не се запоставив. За се има време само ако се сака.


*Колку се промени вашиот живот, а и на целото семејство со раѓањето на Стефан и Мартин?


Па да , многу се промени добивме голема радост во семејството !


*Постоеа ли работи кои Мартин и Стефан ги правеа, а за вас беа необични, нивен начин на комуникација, таен јазик...?


Ова е многу симпатично прашање! И ден денес неможам да се начудам
како тоа тие двајца се разбираат и се надополнуваат, а во ниеден момент
не изразуваат исти желби и потреби. Во еден момент едниот сака работи
што пред некое време ги сакал другиот и слично.


*Успехот на Мартин и Стефан е и ваш успех, сметате ли дека
однесувањето на децата зависи од тоа колку родителот му посветил
внимание и љубов?



Повторно Ви благодарам ако така мислите, меѓутоа има нешто од Бога
што е дадено и што никој не може да го предвиди колку и да се труди.
Мојата љубов, како и љубовта на секој родител кон своето дете е голема,
сепак мислам дека има нешто што треба и требало да се случи.


*Колку според вас се разликува семејството и воспитувањето сега и пред 20 години?


Незнам, мислам дека нема некоја голема разлика во начинот и
методот на воспитувањето. Поинакви се само околностите во кои што
растат и се развиваат децата. Како и да е нашите родители не
воспитувале во поинакви услови од овие во кои што ние ги воспитуваме
нашите деца. Сега е се поинаку, па и самите ние сме поинакви и со
поинакви услови на егзистирање. Темпото на живот е позабрзано но и
посовремено. Тоа не значи дека сепак децата и родителите треба да се
оддалечуваат, напротив уште повеќе е потребан љубовта и поддршката од
семејството. Во едно здраво семејство сите работи се поедноставни!


*Не интересира како ви се допага www.ringeraja.mk и на кој начин вие доаѓавте до информации за бремноста, родителството, одгледувањето на децата...?


Странава Ви е навистина одлична!!! Јас сега за прв пат се вклучив
на порталот за да Ве запознаам и можам да кажам дека младите мајки
имаат среќа што постојат многу начини да бидат информирани особено
преку вашето богатство на информации. Во времето кога јас ги чував
моите деца за жал немаше интернет портали - најбрз начин на едукација.
Ви посакувам многу успех и да останете постојани во ова што сега го
работите. Честитки!
Вратете се на почетокот Go down
Ninadb



Пол : Female
Број на мислења : 25
Поени : 2853
Репутација : 10
Registration date : 2009-03-21
Локација : Vo srceto na Martin :D

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Нед Јун 14, 2009 6:38 pm

Рингераја на гости кај Next Time (втор дел)



Автор:
Елена, редакција Рингераја


Во
пролжение на “Рингераја на гости кај... “ прочитајте за се она што ни
го открија близнаците од “Next time”, Мартин и Стефан за себе,
семејството, за своето детство, првата љубов, првиот бакнеж!






*Колку за вас е важно семејството и мислењето на родителите?

Next Time: За нас семејството и родителите се најсветото и
најдрагоценото нешто што го имаме. Тое е нешто што премногу ни значи,
затоа што е најискреното што го добиваме и даваме. Нивното мислење
одсекогаш било и ќе биде од големо значење.

*Од како се појавивте станавте миленици и на младите, а и на
постарите.Скромни, мили, воспитани. Сепак,и покрај кариерата што
почнавте да ја градите во музиката,вие паралелно посветени сте и на
учењето и школувањето. На кои факултети студирате и кои се вашите
планови за понатака,мислам на усовршувањето на она што го учите?

Next Time: Најнапред благодариме на убавите зборови – тие ни значат
многу. Стефан е студент на Филолошкиот факултет на Италијански јазик и
книжевност и мора да признаеме дека не оди баш лесно, бидејќи овој
период се посветивме максимално на музиката. Меѓутоа, желбата за
изучување на овој јазик кај Стефан е преголема што зсушност придонесува
и за негово најскоро завршување т.е дипломирање. Јас (Мартин) сум
студент на Американскиот колеџ, менџмент и можам да кажам дека и јас
правам напори паралелно со другите обврски, оваа значајна обврска да ја
завршам на време.


*Со што најмногу сакавте да си играте како помали,дали знаевте да си
заиграте сами, или често имаше и конфликти мегу вас двацата?

Next Time: Како близнаци нормално е дека поминуваме подолго време
заедно. Нашето детство се одвиваше така што растевме заедно, игравме
заедно, секаде бевме заедно, игравме фудбал, се случуваше едниот ако не
оди на тренинг и другиот да не отиде, па тука можеби настануваа мали
конфликти затоа што многу работи се случуваа инертно и автоматски,
можеби сето тоа произлегува од нашата поврзаност и неадаптираност на
самостојно делување.

*Колку бевте поврзани помали, и дали нешто се има променето во вашиот однос сега како постари, поозбилни?

Next Time: Како што веќе и кажавме бевме многу поврзани. Секогаш
едниот знаеше да ја украде мислата на другиот што во истиот момент
сакал да ја каже. Додека бевме помали потешко функциониравме еден без
друг, но сега е малку поинаку, сепак годините, зрелоста и карактерите
си го прават своето, иако мораме да признаеме дека не се разликуваме
многу.


*Која беше вашата омилена песничка како деца?

Next Time: Како деца кои имаа 4 години омилена песна ни беше “Ника,
Ника, убава Марика” дури и на свадба (се сеќаваме) ја пеевме во една
прилика. Како растевме ни се допаѓаа повеќе песни, а посебно можеме да
ја издвоиме од Селин Дион “My heart will go on”. Меѓутоа сега, веќе го
свириме она што го сакаме...

*Што е она што најмногу ви недостига од времето кога бевте деца?

Next Time: Премногу ни недостига времето кое го поминувавме со
нашите другари, кога излегувавме надвор уште во 9 часот наутро да
играме фудбал, или пак да се шетаме низ маало, да копаме дупки за
џамлии. Многу цртавме и на обични маици броеви, правејќи дресови. И со
еден збор навистина ни недостига тој период. Тоа е како некој убав филм
кој веќе еднаш сте го гледале, па посакувате и имате голема желба да го
ѕирнете барем уште еднаш, па макар и на кратко.

*Дали вашата сличност ја користевте да си ги поделите обврските на училиште,едниот да учи еден предмет,другиот друг предмет?

Next Time:Да, имаше и такви случки, знаевме да го искористиме
моментот тоа што сме близнаци и да учиме пола, пола, па дури знаевме
некогаш и да направиме збунка, едниот да одговара за другиот J.


*Дали некогаш ви се случи наставниците, професотите да го повикаат
Стефан да одговара, а да стане Мартин доколку е подготвен за тој
материјал? J)

Next Time: Да, но мислам дека беше обратно, Стефан стана за Мартин J, но најважно е дека се снајдовме, па се се заврши како што треба.

*Дали како близнаци имавте, имате некоја посебна комуникација,
колку е развиено она шесто сетило што викаат дека постои кај
близнаците, и дали често пати размислувате за исти работи, во исто
време?

Next Time:Да, веќе споменавме дека постои голема поврзаност меѓу
нас, но не во стилот Стефан го боли рака, па и Мартин ја чувствува
болката. J. Нашата поврзаност е најчесто во смисла на нашите размислувања.

*Дали се сеќавате на првата симпатија, првата љубов, првиот бакнеж?

Stefan: Се сеќавам и на првата љубов, се сеќавам и на првиот бакнеж
и се сеќавам дека кога ми се случи тоа си помислив, аууууууу знам да се
бакнувам, добар сум J.
Martin: И јас се сеќавам на првата љубов, дури и на првиот бакнеж. После тоа си реков, сега парче ќе правам J.

*Дали ви се случило девојките да ве помешаат?

Next Time: Па и не сме до толку исти, за да не помешаат. Досега се
нема случено, но ако некогаш, некоја девојка се збуни (иако не веруваме
во тоа), секако би го разрешиле недоразбирањето. Сепак ние сме браќа,
се почитуваме, имаме различни вкусови, па и не е убаво да си ги крадеме
женските, пред се таквиот однос не е човечки.

*Што е најново на професионален план?

Next Time: За тоа се грижи нашата продукциска куќа Јованов рекордс,
така да кога има нешто ново и интересно за сите ќе дознаете. Сега
периодов малку побаравме одмор, по целата таа евровизиска еуфорија.

*Ја погледнавте www.ringeraja.mk
па ме интересира вашето мислење. Иако животот е пред вас и рано е да
размислувате за сопствено семејство, дали ваква страна е потребна на
родителите во Македонија?

Next Time: Големо браво за превземениот чекор да се направи ваква
страна – се надеваме и веруваме дека на многумина вашата страна ќе им
биде добредојдена . Ве поддржуваме и се најубаво!!!

И сега, на крај после овие убави зборови на Мартин и Стефан, и мама
Сузана ни останува само да кажеме дека сигурно ќе продолжиме напред, ќе
останеме тука каде што сме и ќе го дочекаме денот кога повторно ќе
бидеме гости на ова прекрасно семејство само кога ќе бидат во поголем
број. Се надеваме со близнаци од двајцата браќа!!!
Вратете се на почетокот Go down
Simona<3NextTime
Официјален фан на Некст Тајм


Пол : Female
Хороскоп : Aquarius
Број на мислења : 391
Поени : 3218
Репутација : 12
Registration date : 2009-05-29
Age : 21
Локација : Skopje, Aerodrom

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Нед Јун 14, 2009 6:49 pm

Super Аплаудирање
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/simona154ever
majanik



Пол : Female
Хороскоп : Capricorn
Број на мислења : 283
Поени : 3226
Репутација : 35
Registration date : 2009-04-02
Age : 84
Локација : New York

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Нед Јун 14, 2009 6:58 pm

Фала супер се двете интервјуа thumbsup
Вратете се на почетокот Go down
zorica
x3 Некст Тајм (:


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 571
Поени : 3471
Репутација : 17
Registration date : 2009-03-28
Age : 21
Локација : Bitola

ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Пон Јун 15, 2009 12:35 am

Интервјуата се 5ка,посебно последните 2.
''Да, но мислам дека беше обратно, Стефан стана за Мартин'' - лелеее на ова се пресмејв,така треба, мора да се снаоѓаат,па близнаци се..xD Се смее;]
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Постари интервјуа   Today at 11:13 am

Вратете се на почетокот Go down
 
Постари интервјуа
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Sosblogs.com
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum