Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Македонските ѕвезди и Црвениот крст го одбележаа светскиот ден на првата помош

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
macaparket
Официјализиран Паркет!


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 896
Поени : 4101
Репутација : 137
Registration date : 2009-03-22
Age : 21
Локација : Telo vo Skopje,srce vo Krusevo

ПишувањеПредмет: Македонските ѕвезди и Црвениот крст го одбележаа светскиот ден на првата помош   Вто Сеп 15, 2009 11:49 am

Андреј ДНК експерт за вештачко дишење, Некст тајм за крвави рани



Андреј ДНК спаси една млада девојка која во саботата настрада од струен удар во ГТЦ. Пред очите на голем број минувачи и неговите женски фанови тој покажа дека е вистински експерт за давање прва помош, особено за вештачко дишење - уста на уста.

Истовремено, момците од Некст тајм вешто превиваа крвава рана на една нивна обожавателка која трчајќи по нив по автограм, падна и ја повреди ногата. Спремност и стручност за помош на дами во неволја покажаа и Влатко Лозановски, Димитар Андоновски и Адријан Гаџа.

Со симулации на давање прва помош, популарните македонски ѕвезди заедно со лекари-волонтери и активистите на Црвениот крст на Град Скопје го одбележаа Светскиот ден на Првата помош, манифестација која истовремено се одржа низ целиот свет. Настанот предизвика големо внимание кај минувачите, со што беше остварена и целта на организаторите - да се промовира Првата помош како акт на хуманост бидејќи во најголем број случаи тоа е условот да се спаси нечиј живот.

- Наша цел е да се подигне јавната свест за улогата на првата помош во превенцијата од повреди и спасувањето на човечкиот живот. Клучната порака која сакаме денеска да ја испратиме е дека секој човек има потенцијал да научи прва помош и да спаси живот, но и дека секој човек во текот на неговиот живот треба да ги обновува и освежува здобиените знаења и вештините од Првата помош - вели Сузана Т. Пауновска секретар на Црвениот крст на Град Скопје.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/toseanangelforever
 
Македонските ѕвезди и Црвениот крст го одбележаа светскиот ден на првата помош
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | Music and Radio | Rock music | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Have a free blog with Sosblogs
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum