Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Некст тајм дружба со најмалите

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
majanik



Пол : Female
Хороскоп : Capricorn
Број на мислења : 283
Поени : 3232
Репутација : 35
Registration date : 2009-04-02
Age : 84
Локација : New York

ПишувањеПредмет: Некст тајм дружба со најмалите   Чет Окт 08, 2009 1:53 pm




Мартин и Стефан Филиповски од македонската група Некст Тајм денес ги посетија дечињата од детската градинка „Изворче“ во скопската населба Аеродром по повод Детската недела која започна од 5 а ќе трае до 11 октомври.
Во дворот пред црквата Св.Илија дечињата сликаа и боеја, а цртежите подоцна беа продавани по симболична цена од 10 денари. Заедно со дечињата во градинката, Некст тајм ја испеаа евровизиската песна „Нешто што ќе остане“, а на репертоарот беа и добропознатите песни од Тоше Проески, како неизбежната - „Македонско девојче“. Мартин и Стефан се навратија и на нивната прва песна „Јас сум фудбалер“ со која како деца настапија на детскиот фестивал Си-До.
„Јас имав симпатија во градинка а со Мартин сакавме да бидеме фудбалери. Јас сакав да бидам Роналдо,а брат ми Роналдињо, но таа желба не ми се исполни. Подоцна паметам дека по секој тренинг кога ќе си отидев дома по два часа пеев песни од Ајрон Мејден“ призна Стефан на денешната средба со најмалите.Мартин ни откри и деновиве ја завршуваат новата песна која се’ уште нема наслов, а која е поразлична од нивните досегашни песни. „Секогаш кога го пишуваме текстот тоа го правиме за да допре до слушателите, а во план ни е наскоро е да направиме концерт, но тоа најмногу зависи од финансиите и спонзорите“, додаде Стефан Филиповски.
Некогашната учителка на Мартин и Стефан која се’ уште работи во „Изворче“ за Форум ијави дека ги чувала од бебиња, па се’ додека почнале со училиште.
“Тоа се прекрасни деца. Тие имаа предиспозиции да станат пејачи, но јас мислев дека ќе станат фудбалери. Сепак, Стефан и Мартин добро цртаа и доста рецитираа, а еве дојдоа не’ посетија и не не’ заборавија. Бев изненадена кога ги видов на телевизија, но кога победија на изборот за претставник на Евровизија, бев многу воодушевена“, изјави Лилјана Каровска, поранешната учителка на Стефан и Мартин Филиповски.
Вратете се на почетокот Go down
??????
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Некст тајм дружба со најмалите   Чет Окт 08, 2009 7:37 pm

Фала за оваа...! :D
Вратете се на почетокот Go down
 
Некст тајм дружба со најмалите
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Create a free blog
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum