Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
 
HomePortalБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Next Time ќе ги засили гитарите

Go down 
АвторПорака
sandrulajka

sandrulajka

Пол : Female
Број на мислења : 82
Поени : 4175
Репутација : 6
Registration date : 2009-03-26

Next Time ќе ги засили гитарите Empty
ПишувањеПредмет: Next Time ќе ги засили гитарите   Next Time ќе ги засили гитарите I_icon_minitimeСаб Ное 14, 2009 6:18 pm

Next Time ќе ги засили гитарите 320941549950D24EA8CE7BC899A2D1E5

На вториот студиски албум, кој групата интензивно го подготвува последниов период, близнаците Стефан и Мартин откриваат дека повеќе простор ќе им отстапат на гитарите
По неколкумесечна пауза бендот „Некст тајм“ пак е активен на сцената со песната „Кога лажеш каде гледаш“, за која сними и спот. Нумерата е најава за вториот албум. Пристапот кон избирањето композиции за новиот диск се движи во насока „полека, но сигурно“, со цел крајниот производ да резултира со квалитет.

- Ќе им обрнеме повеќе внимание на гитарите. Можеби нашата следна песна ќе биде нешто нечуено од нас. Секогаш ќе избираме златна средина, односно, ќе правиме композиции за
наша душа, но и за публиката, која е најважна - открива Стефан, вокалистот на дуото.

ВО ИГРА ЗА ЛАС ВЕГАС

Составот „Некст тајм“ е дел и од музичкиот натпревар „Светот пее“, во кој учествуваат пејачи и групи од целиот свет.

-Првите 20 песни што ќе бидат избрани според онлајн-гласање, кое ќе трае до 31 декември, ќе се квалификуваат за настап на „Ворлдс бест сонг“. Натпреварот ќе се одржи на 19 март 2010 во Лас Вегас. Засега важиме само за име кое е во борба за пласман меѓу првите 20. Сега сме на 13 место и се надеваме дека ќе се искачиме и повисоко. Се пријавивме на натпреварот со помош на познаници. Паричната награда е голема, но ние би биле пресреќни и со самото учество - истакнува Мартин, гитаристот во групата.

По настапот на Евросонг нивната публика очекуваше уште поголем напредок во кариерата и, пред се', самостоен концерт.Момчињата признаваат дека и тие очекувале многу повеќе, но едногласни
се во констатацијата дека мора да се прави пауза во се' што се работи.

-Потребен е период кога треба да се соберат сите минати случувања и да се извлечат заклучоци за што, како и каде. Си дозволивме мал одмор за да се испормовира и добро да се ислуша нашиот деби-албум и со нови сили да почнеме со подготовка за вториот. Креативноста никогаш не згаснала кај нас, а доказ за тоа ќе биде материјалот што ќе го понудиме во иднина. Изминативе месеци се обидовме да се сокриеме од очите на медиумите, но не значи дека не бевме во контакт со публиката и со љубителите на нашата музика - вели Стефан.

ПОДГОТВЕНИ ЗА КОНЦЕРТ

Приоритет на „Некст тајм“ сега е прв солистички концерт. До крајот на годината сакаат да се обидат и за пробив надвор од Македонија.

- Имаме премногу да им подариме на тие што сакаат да ја слушаат нашата музика. Самостоен концерт ќе има, но сакаме да бидеме сигурни и на музички и на организаторски план. Сакаме да направиме концерт што ќе остане запаметен кај луѓето. Во остварување на нашите намери ќе ни помогне менаџерката Симона Негриевска. Пресудно за соработката со неа беше нејзината огромна човечност, голема професионалност и познавање на менаџерските работи - појаснува Стефан.

За потребите на турнејата што ја планираат низ земјава, момчињата периодов активно вежбаат во просториите на Младинскиот културен центар. Ги придружува бенд задолжен за изведба на нивните песни во живо.

- Наша голема желба е да имаме турнеја низ Македонија. Би било супер кога би настапувале со бенд на таа турнеја, но реалноста е друга. Има премногу мали услови за тоа. Се надеваме дека организаторите ќе појават интерес за настап со придружен бенд - завршуваат близнаците.

ТРЕТИ ВО БИХАЌ

Работната агенда на „Некст тајм“ до крајот на годината е исполнета со повеќе настапи. Минатиот викенд момчињата учествуваа на фестивалот на забавни мелодии „Бихаќ 2009“. Во конкуренција од 24 интернационални изведувачи се пласираа на третата позиција.

- Наше најголемо задоволство беше реакцијата, не само на публиката туку и на колегите. Особено не' израдува фактот што фронтменот на поранешниот бенд „Дивље јагоде“, кој победи на оваа манифестација, ни упати многу комплименти и не' нарече достоинствени следбеници на поп-рокот на просторите на поранешна Југославија - велат „Некст тајм“.
Вратете се на почетокот Go down
Dijana

Dijana

Пол : Female
Број на мислења : 313
Поени : 4419
Репутација : 33
Registration date : 2009-03-26

Next Time ќе ги засили гитарите Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time ќе ги засили гитарите   Next Time ќе ги засили гитарите I_icon_minitimeНед Ное 15, 2009 12:13 am

Super...ocekuvame togas i vtor album Next Time ќе ги засили гитарите 485240
Вратете се на почетокот Go down
sandrulajka

sandrulajka

Пол : Female
Број на мислења : 82
Поени : 4175
Репутација : 6
Registration date : 2009-03-26

Next Time ќе ги засили гитарите Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time ќе ги засили гитарите   Next Time ќе ги засили гитарите I_icon_minitimeНед Ное 15, 2009 6:03 pm

ајде што побрзо нека биде тој албум!!!
Диди пак ќе има одбројување на фб како за Echo :)
Вратете се на почетокот Go down
Леа
Администратор
Администратор
Леа

Пол : Female
Хороскоп : Gemini
Број на мислења : 695
Поени : 5108
Репутација : 77
Registration date : 2009-03-20
Age : 25
Локација : Охрид, Македонија

Next Time ќе ги засили гитарите Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time ќе ги засили гитарите   Next Time ќе ги засили гитарите I_icon_minitimeНед Ное 15, 2009 8:51 pm

Ммм..одиме понатаму Next Time ќе ги засили гитарите 494158 Баш тоа се бара, ајде момци, едвај чекам Next Time ќе ги засили гитарите 753968

_________________
Next Time ќе ги засили гитарите Ilovenexttime
Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
marija_pp

marija_pp

Пол : Female
Хороскоп : Leo
Број на мислења : 144
Поени : 4218
Репутација : 1
Registration date : 2009-04-21
Age : 24
Локација : prilep

Next Time ќе ги засили гитарите Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time ќе ги засили гитарите   Next Time ќе ги засили гитарите I_icon_minitimeНед Ное 15, 2009 8:55 pm

Da dade gospod da se ostvari taa turnea!!!
btw sandra od kaj go zede intervjuto???
Вратете се на почетокот Go down
Simona*
Администратор
Администратор
Simona*

Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 5441
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 25
Локација : Охрид, Македонија

Next Time ќе ги засили гитарите Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time ќе ги засили гитарите   Next Time ќе ги засили гитарите I_icon_minitimeНед Ное 15, 2009 9:06 pm

marija_pp напиша:
Da dade gospod da se ostvari taa turnea!!!
btw sandra od kaj go zede intervjuto???

Од Дневник

_________________
Next Time ќе ги засили гитарите Signature3zq
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
Dijana

Dijana

Пол : Female
Број на мислења : 313
Поени : 4419
Репутација : 33
Registration date : 2009-03-26

Next Time ќе ги засили гитарите Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time ќе ги засили гитарите   Next Time ќе ги засили гитарите I_icon_minitimeНед Ное 15, 2009 10:31 pm

Ahh Sandra pak so obrojuvanjeto...aj moze ke ima i za ova Next Time ќе ги засили гитарите 485240
Вратете се на почетокот Go down
sandrulajka

sandrulajka

Пол : Female
Број на мислења : 82
Поени : 4175
Репутација : 6
Registration date : 2009-03-26

Next Time ќе ги засили гитарите Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time ќе ги засили гитарите   Next Time ќе ги засили гитарите I_icon_minitimeПон Ное 16, 2009 11:44 pm

хаха и за тоа ќе има одбројување Диди хаха
Еко конечно излезе, сега и втор албум од НТ хаха супер ќе биде!!! Next Time ќе ги засили гитарите 861476
Вратете се на почетокот Go down
zorica
x3 Некст Тајм (:
zorica

Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 571
Поени : 4685
Репутација : 17
Registration date : 2009-03-28
Age : 25
Локација : Bitola

Next Time ќе ги засили гитарите Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time ќе ги засили гитарите   Next Time ќе ги засили гитарите I_icon_minitimeВто Ное 17, 2009 9:59 am

Супер се(:Нека продолжат понатаму како досегаа..бравоо Next Time ќе ги засили гитарите 485240Next Time ќе ги засили гитарите 494158
Вратете се на почетокот Go down
milena smileska
MILENA <3 NEXT TIME
milena smileska

Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 700
Поени : 4791
Репутација : -20
Registration date : 2009-03-22
Age : 26
Локација : STIP

Next Time ќе ги засили гитарите Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time ќе ги засили гитарите   Next Time ќе ги засили гитарите I_icon_minitimeВто Ное 17, 2009 10:03 pm

едвај чекам :D
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




Next Time ќе ги засили гитарите Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time ќе ги засили гитарите   Next Time ќе ги засили гитарите I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Next Time ќе ги засили гитарите
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Latest discussions
https://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum