Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
 
HomePortalБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Next Time: Жван - рај за очите и душата

Go down 
АвторПорака
Zor4e
4ever Next Time
Zor4e

Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 4432
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 23
Локација : Kicevo

Next Time: Жван - рај за очите и душата Empty
ПишувањеПредмет: Next Time: Жван - рај за очите и душата   Next Time: Жван - рај за очите и душата I_icon_minitimeЧет Мар 11, 2010 1:49 pm

Ниту едни тропски или, пак, места кои те наведуваат да мислиш само на материјални нешта и трошење многу пари, пиење во дискотеки, возење убави автомобили не можат да го заменат нашето село. Отидете таму, почувствувајте го воздухот на Македонија и нема никогаш да зажалите...

Next Time: Жван - рај за очите и душата STEFAN508

Нашето најубаво патување се случи токму по Евровизија. Помалку изморени од целата таа фама наречена Евровизија посакавме да отидеме некаде далеку од очите на јавноста и да се одмориме, па затоа решивме да го посетиме местото каде што живее нашиот татко. Местото каде што шетајќи низ полињата и шумите можеш да го слушнеш вистинскиот звук на нашата татковина Македонија.

Next Time: Жван - рај за очите и душата MARTINF508

Сите оние певливи врапчиња и блескаво сонце ни дадоа мир во нашата душа и ни овозможија одморени да отидеме во Москва, каде што имавме преголема одговорност и желба да ја претставиме Македонија во најдобро светло.

Next Time: Жван - рај за очите и душата STEFANSOTATO508

Пристигнавме во раните утрински часови, а веднаш штом го паркиравме автомобилот малку подолу од сред селото и од нашата куќа не здогледа едно чупенце :-) (кажано на битолски) и ни пријде за да се слика со нас.

Next Time: Жван - рај за очите и душата OBOZAVATELI508

Веднаш знаевме, а едно видело цело село ќе дојде да види :-) Но тоа не ни беше проблем затоа што ние секогаш сме расположени за комуникација со нашите фанови.

Next Time: Жван - рај за очите и душата VODVOR508

Оттаму се упативме кон нашата куќа, каде не чекаше татко ни Никола. Следуваше куса прошетка по куќата, кус одмор и ете, се слушна глас: “Чичко Коле може да ги викнете Некст Тајм да се симнат да се сликаме”, :- ) Сите деца од селото кои, за жал, можат да се избројат на прсти чекаа да се запознаат со нас :-).

Next Time: Жван - рај за очите и душата KAMBANARIJA508

После некое време заедно со татко ни и браќата Горан и Филип отидовме малку надвор од селото да се прошетаме. Заминавме на Црна река, да ја видиме, да се потсетиме на сите оние моменти кои ги поминувавме како мали бањајќи се во водите на реката.

Next Time: Жван - рај за очите и душата PEJSAZ508

Прошетавме и низ полињата, низ нивите кои се толку долги и потсетуваат на оние од филмот "Гладијатор". Навистина прекрасно е да се види сето тоа. Глетка која не само што ни ги одмори очите, туку и мозокот кој беше заморен од се она што се случуваше околу Евровизија. Поминавме неколку часови шетајќи низ жванските убавини. Но штом сонцето почна да се сокрива зад планините тргнавме кон куќата. Време беше да го запалиме автомобилот и да се вратиме кон Скопје.

Next Time: Жван - рај за очите и душата Polinja508

Ниту едни тропски или, пак, места кои те наведуваат да мислиш само на материјални нешта и трошење многу пари, пиење во дискотеки, возење убави автомобили не можат да го заменат нашето село Жван. Отидете таму, почувствувајте го воздухот на Македонија и нема никогаш да зажалите. Ако нема каде да спиете најдете ја нашата куќа и поминете неколку дена во неа и во убавините на селото Жван...

МАРТИН И СТЕФАН ФИЛИПОВСКИ

Next Time: Жван - рај за очите и душата KALENDAR508

Извор: http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=43933

_______________________________________________________________________________________

There are no places which can replace our villages. Not even tropical areas who make you thing of material thins, spending money, having parties in discos, drivig great cars.. Just go there, fell the Macedonian air and you won't regret it.
Our best jorney happend right after Eurovision. We were a little tired of all that fame named Eurovision and wanted to go somewhere far away and relax, so we decided to visit our father's place. The place where while walking around the fields and forests you can here the real sound of Macedonia.
All those singing sparrows and shining sone gave us peace and rest so we could go to Moscow relaxed because we had a huge responsibility and desire to represent Macedonia the best way we can.
We arrived there early in the morning and right after we parked our car, a little further than our house, a girl came to us to take a picture with us.
We knew from the same second that if someone saw us, all the villagers will come to see us :) No, that wasn't a problem, because we are always in the mood for having conversations with our fans.
We went to our house, where our father Nikola was waiting for us. We had a short walk through the house, we had a little rest and then all the kids from the village(who unfortunately are jus a few) came and asked to take pictures with us.
Later we went for a walk out of the village with our father and the brothers Goran and Filip. We visited Crna Reka and we were reminding all those moments spent swiming and having fun in that river.
We walked in the long fields which remind on those of the Gladiator movie. It is really beatufull to se all taht. It's a view that can relax your eyes and brain tired of everything which was going on about the Eurovision. We spend a few hours walking, but when the sun set we went back to the house. It was time to go back to Skopje.
Вратете се на почетокот Go down
K1KO

K1KO

Пол : Male
Хороскоп : Aquarius
Број на мислења : 8
Поени : 3783
Репутација : -1
Registration date : 2009-12-05
Age : 25
Локација : Macedonija

Next Time: Жван - рај за очите и душата Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time: Жван - рај за очите и душата   Next Time: Жван - рај за очите и душата I_icon_minitimeПет Мар 12, 2010 12:05 pm

Хахахахахахаха...Интересно :D
Вратете се на почетокот Go down
sandrulajka

sandrulajka

Пол : Female
Број на мислења : 82
Поени : 4181
Репутација : 6
Registration date : 2009-03-26

Next Time: Жван - рај за очите и душата Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time: Жван - рај за очите и душата   Next Time: Жван - рај за очите и душата I_icon_minitimeСаб Мар 13, 2010 11:34 pm

баш е убаво :)
Вратете се на почетокот Go down
Nate

Nate

Пол : Female
Хороскоп : Virgo
Број на мислења : 10
Поени : 3687
Репутација : -5
Registration date : 2010-03-14
Age : 24
Локација : Skopje

Next Time: Жван - рај за очите и душата Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time: Жван - рај за очите и душата   Next Time: Жван - рај за очите и душата I_icon_minitimeНед Мар 14, 2010 7:33 pm

Hehehe Super!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




Next Time: Жван - рај за очите и душата Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time: Жван - рај за очите и душата   Next Time: Жван - рај за очите и душата I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Next Time: Жван - рај за очите и душата
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Latest discussions
https://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum