Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Next Time и донесоа среќа на Емилија од Гостивар

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Кате
Модератор
Модератор


Пол : Female
Хороскоп : Virgo
Број на мислења : 535
Поени : 3728
Репутација : 81
Registration date : 2009-03-23
Age : 22
Локација : Скопје, Аеродром

ПишувањеПредмет: Next Time и донесоа среќа на Емилија од Гостивар   Пет Апр 30, 2010 12:23 am



Емилија Поповска од Гостивар е матурантката, која благодарение на ВЕЧЕР и пријателите - се сами професионалци во својата област, (креација од студентите од Катедрата за дизајн при Европски универзитет, фризура и шминка од студиото Кул кат, чевли од салонот Бабет, пакет-производи од Авон, месечна претплата во Студио Пилатес и годишна претплата од ВЕЧЕР), ќе го добие посакуваниот изглед за матурската забава. Пликото со испратените купони го извлекоа Мартин и Стефан, односно момците од близначкото дуо Некст тајм, кои годинава ќе ја одбележат петгодишнината од својата матура.

"Убаво си поминавме на матурската журка, славевме во хотелот Континентал", раскажуваат поранешните ученици во ДСУ Орце Николов". "Немавме партнерки и за разлика од мене и оделото во кое бев облечен, Мартин беше во полежерна варијанта", ни раскажа Стефан, кој матурската ќе ја памети по лошото фризерско искуство.

"Дента отидов да се шатирам, ама фризерката ме унакази, па така разочаран морав сам да се шишам и да ја поправам грешката", ни ја раскажа својата матурска мака Стефан. Мартин, пак, ни откри дека воопшто не се заморувал околу забавата: "Тогаш бев во сосема поинаков филм, можеби и затоа заминав на матурската полежерно облечен. Сепак, убаво си поминавме и добро се забавуваме на музиката на Арија".



Мартин и Стефан веруваат дека и Емилија Поповска супер ќе си помине на својата матурска и ќе изгледа одлично благодарение на пакетот подароци што и ги подготвија ВЕЧЕР и пријателите. Воодушевени од идејата на ВЕЧЕР решија и тие со пакет-изненадување што ќе го подготват да наградат една матурантка.

Извор: http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=AAD4495BE5F51A4597826D6D2029D945
Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
 
Next Time и донесоа среќа на Емилија од Гостивар
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Create your own blog
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum