Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Разговараме со "Некст Тајм"

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
macaparket
Официјализиран Паркет!


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 896
Поени : 4101
Репутација : 137
Registration date : 2009-03-22
Age : 21
Локација : Telo vo Skopje,srce vo Krusevo

ПишувањеПредмет: Разговараме со "Некст Тајм"   Нед Јун 13, 2010 9:21 pm

Нашата екипа овој пат реши да направи интервју со рок групата Некст Тајм, најпрво ве запознаваме со двајцата членови Стефан и Мартин, а потоа следуваат одговорите кој тие ги дадоа на нашите прашања.



Некст Тајм е рок дуо од Скопје составено од двајцата браќа близнаци Стефан Филиповски (главен вокал) и Мартин Филиповски (гитара и придружен вокал). Под ова име се појавија во 2008 година кога го издадоа и нивниот прв албум наречен “Next Time” со што нивната популарност почна вртоглаво да расте. Во 2009 беа македонски претставници на Eвровизија со песната “Нешто што ќе остане”, и покрај тоа што не успејаа да се пласираат во финалето нивниот настап ке остане запаметен. Музиката е нивниот живот, но не се откажуваат ниту од фудбалот, a покрај тоа, тие се и успешни студенти, Мартин студира бизнис-администрација на UASC, а Стефан италијански јазик на филолошкиот факултет во Скопје. Во текот на нивната музичка кариера со професионалност, посветеност, искреност и позитивност привлекоа голем број на обожаватели кои безрезервно ги поддржуваат, а нивниот број секојдневно расте. Речиси и да нема интервју каде тие не ја искажале својата благодарност до фановите и поддржувачите и секако до нивната мајка, Г-ѓа Сузе, која успеала да ги насочи своите синови на вистинскиот животен пат. Со само еден издаден албум Некст Тајм направија концерт на 25.12.2009 година во Универзална сала, настан кој долго ќе се памети. Во очекување на нова песна која ќе биде дел од вториот албум на Некст Тајм се надеваме дека наскоро ќе бидеме сведоци на уште поспектакуларен втор концерт. Денес, Некст Тајм се едни од најзначајните претставници на македонската музичка сцена.


ТВ Пакет: Пред некое време ја промовиравте песната “Рамо за плачење” која е моментално доста актуелна, кој е вашиот следен проект?

Некст Тајм: “Рамо за плачење” стана голем хит, една од најубавите јаки балади. Некст Тајм мислат дека е време за малку промена за нешто што нема да биде веќе слушнато од нас, подготвуваме нова песна во која што исто така доста веруваме и веруваме дека ќе биде голем летен хит.

ТВ Пакет: Препознатливи сте по вашиот уникатен рокерски стил. Дали би прифатиле да бидете заштитни лица на некој бренд?

Некст Тајм: Секако, доколку постигнеме взаемен интерес зошто да не, на секој од нас изведувачите во Македонија ни е потребен некој што ќе не поддржува финансиски.
ТВ Пакет: Дали би снимиле некоја песна каде што би ги смениле улогите, Мартин да пее, а Стефан да свири?

Некст Тајм: На една новогодишна емисија на Сител телевизија настапивме така, Стефан ја свиреше “Нешто што ќе остане”, а Мартин пееше, па и на концертот Мартин го замени Стефан.

ТВ Пакет: Првпат се појавивте на детски фестивал со “Фудбалер и Кошаркар “ , кој и како го откри вашиот талент за музика?

Некст Тајм: Нашиот вујко кој што не тераше да се пријавиме на аудицијата, а ние пак не бевме толку по музиката, не интересираше спортот, но ете имал право!



ТВ Пакет: Со оглед на тоа дека за брзо време стекнавте голема популарност, како реагираат вашите блиски на тоа?

Некст Тајм: Реагираат убаво, се радуваат на секој наш успех, на фамилијарната маса главна тема е Некст Тајм, но сепак ние не баш секогаш сакаме да се зборува за нас, едноставно кога сме дома сакаме да бидеме дома.

ТВ Пакет: Која е според вас добрата, а која лошата страна на славата?

Стефан: Добрата работа е тоа што знаеш дека твојот сон се остварил, твоите песни се слушани од голема маса луѓе, ценет си, луѓето го знаат твоето име, а лошата е тоа што интимноста малку се губи, не можеш да се однесуваш како да си некој непознат, едоставно треба да се внимава на однесувањето.

Мартин: Добрата страна од славата за мене е тоа што вратите ти се отворени на повеќе места, те почитуваат по тоа што го работиш, а сето тоа нам ни годи. Лошата страна е тоа што треба да бидеш претпазлив со секој твој потег, дали е тоа на улица или во студио, треба да внимаваш како се однесуваш во јавност па дури и во приватноста, лошата страна е тоа што имаш толку многу непријатели што ќе ти кажат: “ Еј здраво, како си” а те гледаат како најголем ривал.

ТВ Пакет: Која е единствената работа без која не би можеле да си го замислите животот?

Стефан: Сакам да ме држи гласот уште многу години, мислам дека без него не би можел, храна и вода.

Мартин: Мислам дека тоа би било моето семејство…

ТВ Пакет: Кој е вашиот најголем страв?

Стефан: Авион, и не би сакал еден ден луѓето да престанат да ја слушаат нашата музика, се разбира ние ќе се трудиме да правиме добри песни за да останеме слушани.

Мартин: Од ништо не се плашам, иако има многу луѓе кои сакаат да ни наштетат, нив ги ставам на игнор, хахаха...

ТВ Пакет: Кој е вашиот неостварен сон?

Стефан: Градскиот стадион, во годините што доаѓаат сакаме да направиме концерт таму, тоа е нешто за што сонувам откако се родив и се разбира кариера во странство, но треба многу работа.

Мартин: Покрај ова што го кажа Стефан јас би додал дека сакам да бидам фудбалер или пак сопственик на фудбалски клуб.

ТВ Пакет: Што прво ви паѓа на памет кога некој ќе ви го спомене средното училиште?

Стефан: Станувањето рано наутро, бидејќи ако бевме од 07:30 на училиште јас станував во 6:00 за да си ја измијам косата, тогаш ми беше во фаза на растење и кога ќе станев од спиење ми беше на сите страни и ми беше потребно повеќе време за да ја средам, сега се е ОК.

Мартин: Убавите спомени, дружбата со пријателите, чекање автобус во 6:45... а доста често знаевме и пешки да се враќаме од гимназијата “Орце Николов” до Ново Лисиче, населбата каде што живееме.



ТВ Пакет: Што мислите за денешните тинејџери?

Некст Тајм: Мислиме дека се супер, меѓутоа знаат да бидат под секакво влијание, но сето тоа е нормално. И ние сме поминале низ повеќе фази во животот.

ТВ Пакет: Кој е според вас најдобар лек за скршено срце?

Некст Тајм: Чекајте да одам до аптека да видам :D, не знам, мислам дека нема лек, меѓутоа времето само по себе си ги лечи раните, другарите или другарките се секогаш најпотребни во тие моменти да бидат до вас за да не мислите на љубовта, или пак да си речете “еј она мене ќе ми раскинува, ќе види она” и фатете си друга.

ТВ Пакет: Дали ви е страв дека некоја девојка ќе биде со вас само поради вашата популарност?


Стефан: Најпрвин не помислуваме на тоа, меѓутоа тоа само излегува на површина, доколку е само поради нашата популарност, не сакам такви девојки, сакам искрени, паматни и да знаат за компромис.

Мартин: Tолку ми е страв, што и немам девојка подолг период има време за се!!!

ТВ Пакет: Ајде малку приватно. Дали сте заљубени и дали имате девојки?

Стефан: Аууу, до таму ли дојдовме, супер сте.

Мартин: Зависи, луѓето што ја сакаат нашата музика знаат дека сум заљубен во нив, а за онаа другата љубов, сеуште немам девојка, се надевам дека ќе ја најдам во скоро време...

ТВ Пакет: Да не се плашите и вие, како и некои други пеачи од естрадава дека доколку имате сериозна врска ќе ги загубите обожавателките?

Стефан: Не се плашам воопшто, но станува збор за прашање што е нон-стоп поставувано, и уште еднаш ќе кажам, кој слушнал, слушнал, несакам обожавателките да ме сакаат затоа што сум им симпатичен, повеќе сакам да ги сакаат нашите песни, а тука сте во право сите викаат дека немаат девојки, а поим немам зошто...

Мартин: Глупаво би било да се плашиме, меѓутоа мислам дека не е тоа прашање кое би ги интересирало луѓето, се однесува на луѓето што ја слушаат нашата музика или секојдневниот читател, сепак ние не навлегуваме во нивната интима.

ТВ Пакет: Дали имате некој подарок од вашите фанови што ви е посебно драг?

Некст Тајм: Секој подарок и секој гест е големо дело за нас, повеќето од нив ги чуваме во посебна соба каде што се потсеќаме на вас...

ТВ Пакет: Што мислите за вашите фанови дали и колку тие ви значат?

Некст Тајм: Нашите фанови се како еден вид голема фамилија која што функционира безпрекорно, ги има во сите градови низ Македонија. Има повеќе фан-клубови и многу страни на Facebook направени од нивна страна. Ни значат премногу и би сакале секогаш да не поддржуваат, затоа што се додека ги има нив ќе ги има и Некст Тајм. Ви благодариме многу што не поддржувате безрезервно и да знаете дека по сите тие организации и разни други работи што ги правите за нас ниеден менаџер не ви е достоен.



ТВ Пакет: За крај да ви се заблагодариме за издвоеното време и одговорите на нашите прашања. Што мислите за ТВ Пакет како медиум со оглед на тоа што е релативно нов сајт?

Некст Тајм: Нека ви е со среќа, кога и да ви затреба нешто од Некст Тајм тука сме за вас. Продолжете со добра работа и трудот ќе излезе на виделина.
Порака од фановите: Ви посакуваме успех во секое поле од животот, Ви благодариме што постоите, што сте толку добри и нормални личности и што ги почитувате вистинските вредности во животот...



Подготвија: Катерина Стевовска, Елена Парапунова и Радмила Лазаревска

http://www.tvpaket.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1865%3A-q-q&catid=70%3A2010-03-31-05-46-38&Itemid=110
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/toseanangelforever
 
Разговараме со "Некст Тајм"
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Create a blog
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum