Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
 
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share
 

 Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ

Go down 
АвторПорака
Simona*
Администратор
Администратор
Simona*

Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 5185
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 24
Локација : Охрид, Македонија

Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Empty
ПишувањеПредмет: Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ   Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ I_icon_minitimeПон Јун 21, 2010 12:25 am

Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ 176C2C3D20A9B14CAEAB32CCDFAF868B

Близначкото рок-дуо Некст тајм е пред нов предизвик. Мартин и Стефан во јули заминуваат на фестивалот Славјански Базар во Белорусија, каде на 10 јули ќе пеат заедно со српската мега-ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Тие на покана од организаторите заминуваат на овој фестивал, на кој ќе пеат во склоп на вечерта посветена на евровизиските ѕвезди. Мартин и Стефан пред тамошната публика ќе ја отпеат токму евровизиската "Нешто што ќе остане", што пред две години ја отпеаја во Москва, и уште еден од нивните хитови. Со која песна уште ќе се претстават пред тамошната публика се уште не знаат, но знаат дека се подготвени за патувањето и почестени што токму тие ќе бидат дел од вечерта на евровизиските ѕвезди.
"Две години по нашето учество на Евровизија не канат, а тоа за нас значи многу. Очигледно сме оставиле добар впечаток", едногласни се Мартин и Стефан, кои освен со Јоксимовиќ на истата сцена ќе застанат и со Ева Ривас од Ерменија, Руслан Алехно, Александра и Константин и Петр Елфимов од Белорусија, Харел Скаат од Израел, Манга од Турција...
До заминувањето во Белорусија на домашен терен, пак, ги очекува и промоцијата на новата песна со наслов "Убава". Зад темата стојат Лазар Цветковски, автор на музиката и аранжманот, и Магдалена Цветковска, чиј е текстот. "Убава" е нешто сосема поразлично од она што досега сме го слушнале од момците, а Мартин и Стефан веруваат дека имаат летен хит, кој патем е снимен во студиото на Врчак. Радиската промоција е во тек, а наскоро се очекува снимање и на спот.

Извор: http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=33F533E40DE03B469120BEC3A5CA9823
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
Zor4e
4ever Next Time
Zor4e

Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 4170
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 23
Локација : Kicevo

Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Empty
ПишувањеПредмет: Next Time на концерт со евровизиски ѕвезди во Белорусија   Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ I_icon_minitimeСаб Jул 10, 2010 10:45 am

“НЕКСТ ТАЈМ“НА КОНЦЕРТ СО ЕВРОВИЗИСКИ ЅВЕЗДИ ВО БЕЛОРУСИЈА


Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ 6cc36d5eb64a2249b320943



Дуото „Некст тајм“ денеска
ќе настапи на музичка манифестација на главниот плоштад Слобода во Витебск,
Белорусија. На настанот ќе учествуваат некогашни евровизиски преставници што
постигнале забележителен успех. На листата со изведувачи се српскиот пејач
Жељко Јоксимовиќ, Украинецот Руслан, турскиот бенд „Манга“, Пола Селинг и Ови
од Романија и претставници од Русија, Израел, Данска, Грузија.




- На манифестацијата ќе
учествуваме по покана на организаторот на 19. музички фестивал „Славјански
базар“, кој се одржува во Витебск. За нас е најважен фактот што оваа покана е
потврда за успешното претставување на Мартин и на Стефан на ланскиот
евровизиски избор во Москва. Добивме уште една понуда за учество на голем
интернационален фестивал што ќе се одржи летово - открива Симона Негриевска,
менаџерката на популарното дуо.


По враќањето од Белорусија, „Некст тајм“ ќе го
промовира својот нов видеозапис за темата „Убава“, чија музика и аранжман се на
Лазар Цветковски, а текстот на Магдалена Цветковска.


- Спотот се снимаше на повеќе локации во Скопје. Во
него како статисти се појавуваат повозрасни личности што ќе покажат дека
убавината не е секогаш поврзана со младоста. Видеоклипот го режира Владимир Митревски
- Ѓуле - открива Негриевска.


Следниот поголем ангажман на бендот ќе биде
концертот во Битола. По успешниот настап за новогодишната ноќ во овој град и по
барање на битолската публика, во соработка со градот Битола, „Некст тајм“ на 20
август ќе одржи


концерт во Хераклеа, во
рамките на Битолското културно лето „Бит- фест“.




Извор:www.dnevnik.com.mk






Вечер Некст Тајм ќе настапат на Славјански Базар со евровизиската *Нешто што ќе остане* и хитот *Рамо за плачење*.Концертот започнува во 19:30 часот по наше време.Настапот може да го следиме на следниве линкови:
http://www.belarus-tv.by/live/btv.asx
http://wwitv.com/tv_channels/8069.htm
Вратете се на почетокот Go down
Zor4e
4ever Next Time
Zor4e

Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 4170
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 23
Локација : Kicevo

Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ   Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ I_icon_minitimeПон Jул 12, 2010 4:59 pm

Близнаците во друштво на најдобрите!

Next Time меѓу Евровизиските ѕвезди

Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Nexttime1


Изминатиот викенд Next Time настапија во склоп на еден од најголемите музички настани во Европа - Славјански базар, на гала концертот наменет за евровизиските фанови, кој се одвиваше под наслов Евровизиски звезди.
Приликата да настапуваат ја имаа само оние евровизиски учесници кои оставиле посебен впечаток кај публиката.
Својата прва можност да се претставата пред белоруската публика Мартин и Стефан максимално ја искористија како на сцената, така и надвор од неа.
Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Nexttime2
По настапот ги собраа симпатиите и аплаузите од 30.000 публика која го следеше концертот, а и честитките од колегите и претставниците на медиумите, кои покажаа особен интерес за Next Time.
Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Nexttime3
Од организаторот е отворена покана и желба за следни гостувања и соработка во склоп на различни проекти.
Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Nexttime3
Вратете се на почетокот Go down
Zor4e
4ever Next Time
Zor4e

Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 4170
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 23
Локација : Kicevo

Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ   Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ I_icon_minitimeВто Jул 13, 2010 9:52 am

СЛАВЈАНСКИ БАЗАР

Некст тајм задоволни од третманот во Белорусија

Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Nexttime1

Мартин и Стефан, или момците кои го сочинуваат близначкото дуо Некст тајм, се вратија од Витебск, Белорусија, каде што настапуваа на еден од тамошните најголеми музички настани - фестивалот Славјански базар. Момците беа дел од гала-концертот наменет за евровизиските фанови, а насловен Евровизиски ѕвезди. Можност да настапуваат на овој концерт имаа само оние евровизиски учесници кои оставиле посебен впечаток кај публиката.
За Мартин и Стефан ова беше прва можност да се претстават пред белоруската публика, па истата, откриваат, максимално ја искористиле како на сцената така и надвор од неа. За ова доволно зборува отворената покана од организаторите за следни гостувања, а и за соработка во склоп на различни проекти.

Извор: www.vecer.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Кате
Модератор
Модератор
Кате

Пол : Female
Хороскоп : Virgo
Број на мислења : 535
Поени : 4687
Репутација : 81
Registration date : 2009-03-23
Age : 24
Локација : Скопје, Аеродром

Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ   Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ I_icon_minitimeВто Jул 13, 2010 1:45 pm

„Некст тајм“ пред 30.000 публика во Витебск

Попрок-дуото „Некст тајм“ настапи на концертот насловен „Евровизиски ѕвезди“, кој се одржа во Витебск, Белорусија, во рамките на големиот музички фестивал „Славјански базар“. На овој концерт настапуваат само поранешни евровизиски претставници на различни земји

Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Ehyjxt

Мартин и Стефан ја искористија својата прва можност да се претстават пред белоруската публика на сцената, но и надвор од неа. Успеаја да ги соберат симпатиите и ракоплескањата на 30.000 публика што го следеше концертот, а голем интерес за нив покажаа и тамошните медиуми.

Од организаторот на фестивалот добија отворена покана за понатамошна соработка на заеднички проекти и за гостувања во Белорусија.

Во натпреварувачкиот дел на „Славјански базар“ годинава Македонија ја претставува поп-пејачот Јоце Панов, кој во различни вечери настапува со антологиската „Има ли песна“ на Наум Петрески, со преработката на макфестовската „Ивана“ и со својата „Ти пеам песна“.

Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=713101024184&id=48&prilog=0&setIzdanie=22032
Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
Sponsored content




Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ   Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Мартин и Стефан на ферка со Јоксимовиќ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Latest discussions
https://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum