Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 "Некст тајм" и Тоше со најмногу номинации од фановите

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Zor4e
4ever Next Time


Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 3212
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 20
Локација : Kicevo

ПишувањеПредмет: "Некст тајм" и Тоше со најмногу номинации од фановите   Сре Aвг 11, 2010 1:57 pm



Рокерите Мартин и Стефан од дуото "Некст тајм" и покојната поп-ѕвезда Тоше Проески имаат најмногу номинации од фановите на изборот на најдобри регионални бендови и изведувачи, кој е објавен на веб-страницата на регионалниот канал Ем-Ти-Ви, њњњ.мтв.рс/ема.
Во трката за најдобар регионален бенд или изведувач од македонските музичари номинирани се и: Кирил Џајковски, Каролина Гочева, Лозано, браќата Тавитијан и групата "Суперхикс", кои исто така ќе се натпреваруваат за титулата најдобар регионален изведувач на доделувањето на Ем-Ти-Ви Европските музички награди во Мадрид.
Номинирањето ќе биде отворено до 16 август, кога и официјално ќе биде објавен списокот на изведувачите кои влегле во најтесниот избор, по што ќе стартува гласањето. Сите посетители на веб-страницата ќе можат да гласаат за своите омилени бендови и изведувачи, а најдобрите петмина изведувачи од целиот регион ќе се натпреваруваат за титулата најдобар регионален изведувач на доделувањето на "Ем-Ти-Ви ЕМА 2010". Гласањето ќе заврши на 26 август, точно напладне, по што ќе биде објавен конечниот список.
Македонските љубители на музиката можат да ја посетат веб-страницата на регионалниот канал на Ем-Ти-Ви и да ги предложат своите фаворити за кои сметаат дека треба да ја добијат титулата "Ем-Ти-Ви ЕМА бест регионал акт".
Ем-Ти-Ви Јуроп мјузик авордс важат за едни од најпрестижните музички манифестации. Година ќе се одржат во на 7 ноември, во шпанската престолнина Мадрид. (Б.Б.)

Извор:www.vest.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
 
"Некст тајм" и Тоше со најмногу номинации од фановите
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Create a blog
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum