Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
 
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share
 

 Хераклеа инспирација за "Некст Тајм"

Go down 
АвторПорака
Zor4e
4ever Next Time
Zor4e

Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 4136
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 22
Локација : Kicevo

Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" Empty
ПишувањеПредмет: Хераклеа инспирација за "Некст Тајм"   Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" I_icon_minitimeПет Aвг 20, 2010 9:52 am

Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" 50230d312f66594f94cc9df

Во пресрет на вечерашниот концерт на локалитетот Хераклеја, близнаците Марин и Стефан од „Некст тајм“ откриваат дека настапот ќе се снима и ќе излезе како бонус-цеде на нивниот втор албум

Поп-рок дуото „Некст тајм“ вечерва со почеток во 21 часот ќе го одржат својот втор солистички концерт во кариерата, но овој пат пред битолската публика во рамките на фестивалот „Бит-фест“. Настанот ќе се случи во просторот на античкиот театар Хераклеја, кој е посебна инспирација за близнаците Мартин и Стефан. Тие велат дека се подготвиле максимално, а секојдневните вежби со седумчлениот бенд што ќе ги следи на сцената резултирале со одличен звук што ќе се слуша речиси два часа.

- Добивме покана за учество на фестивалот „Бит-фест“ и тоа да имаме солистички концерт, што за нас е посебна чест. Возбудени сме сите како ќе помине се' и се надеваме дека на битолчани ќе им приредиме голема забава и дека ќе има многу публика. Самиот простор е мошне инспиративен и за нас и пресреќни сме што токму на ова место ќе имаме концерт - вели Стефан.

„Некст тајм“ подготвува репертоар за два часа на кој ќе се најдат сите нивни песни, а ќе отпеат и неколку омилени нумери од странски изведувачи.

- Можам да откријам дека концертот ќе се снима. Бидејќи е во подготовка нашиот втор албум, со него како бонус цеде ќе има и аудиоснимка од настапот во Битола. Нема да имаме гости, на сцената ќе бидеме само ние - вели Стефан.

Нивниот втор албум што е во подготовка ќе содржи 11 песни од кои пет се веќе снимени. Како најава за него ја пуштија песната „Убава“, за која снимија и спот.

- Работиме со композиторот Лазар Цветковски, но тоа не значи дека на проектот нема да бидат застапени и други автори. Во моментов сме во фаза на избирање на останатите песни, а ќе има и една наша авторска композиција. За разлика од првиот албум, овој ќе има пожесток рокерски звук и ќе звучи позрело бидејќи и ние сме променети - вели тој.

Стефан и Мартин имаат желба да снимат и дует со некој македонски музичар и веќе се во преговори.

- На новиот албум можеби ќе има и два дуета, но не можам да откријам за кого станува збор. Ние сме секогаш подготвени за соработка. По одржувањето на концертот, целата енергија ја насочуваме кон новиот албум за кој се надеваме дека ќе предизвика внимание како и првиот - завршува Стефан.

Милена Атанасоска-Манасиева


Извор:www.dnevnik.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Леа
Администратор
Администратор
Леа

Пол : Female
Хороскоп : Gemini
Број на мислења : 695
Поени : 4818
Репутација : 77
Registration date : 2009-03-20
Age : 24
Локација : Охрид, Македонија

Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хераклеа инспирација за "Некст Тајм"   Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" I_icon_minitimeСаб Aвг 21, 2010 4:14 pm

Некст Тајм распалија во Хераклеја
Сабота, 21.08.2010


По успешниот солистички концерт во Универзалната сала во Скопје, рок дуото Некст Тајм со сличен таков. Овој пат во рамките на Бит Фест, Некст Тајм вчера вечер во Хераклеја собраа многу фанови.
Балони, маички, цедиња од близнаците беа само дел од реквизитите со кои публиката покажуваше колку недостигал нивниот концерт во овој дел на Македонија.
Повеќе од два часа Мартин и Стефан ги забавуваа со своите хитови. Стари и нови песни, балади и брзи рок хитови. Публиката во еден глас пееше со нив а дечките видно изненадени не ни помислуваа да стават крај на оваа концертна приказна.
Крајот од концертот го крунисаа најголемите фанови на Некст Тајм кои излегоа на бината и на момците им подарија дресови со нивните имиња....


http://backstage.com.mk/daily/nekst-tajm-raspalija-vo-herakleja

_________________
Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" Ilovenexttime
Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
Simona*
Администратор
Администратор
Simona*

Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 5151
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 24
Локација : Охрид, Македонија

Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хераклеа инспирација за "Некст Тајм"   Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" I_icon_minitimeВто Aвг 24, 2010 1:55 am

По концертот во Хераклеа

Фановите воодушевени од Next Time

Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" 74E94A2A00E58446A8DB13D7F0E1FB19По преполната Универзална сала во декември минатата година, уште еден успешен концерт на Некст Тајм. Овој пат во рамките на Бит Фест, дуото ги собра своите обожавателиво Хераклеа и им подари уште една незаборавна забава – јавуваат фановите.

Многубројните фанови видно организирани нетрпеливо го очекуваа почетокот на концертот. И овој пат не беа изоставени балоните и маичките со натпис I love Next Time кои ја красеа Хераклеа, но сега надополнети со капчиња Proud to be a Next Time Fan со што членовите на фан клубот сакаа да потенцираат со колкава љубов го прават сето тоа.

Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" 32B9ADA277D53D4EA124A3F7FF66155E

Забавата започна. Се редеа: Декември, Не верувам во тебе, Ме остави сам да живеам, Рамо за плачење, Убава...

Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" 80D1A3CB2C646948BD2D873963E7DF75

Секоја песна беше проследена со едногласно пеење од публиката. Освен добро познатите хитовина Некст Тајм, Мартин и Стефан ги изненадија своите обожаватели со изведба на What do you want from me на Adam Lambert и Here I go again. Со посебни овации беше проследена изведбата на баладата Изгубен кога Стефан покажа дека покрај пеењето и пијаното му оди од рака.

Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" 72EA7BE70D99494D9C9DE04690EC2522

Дуото и овој пат не изостави да ја изрази својата благодарност кон обожавателите за поддршката која несебично им ја даваат, а исто така напоменаа дека нивниот втор албум е во подготовки и со него како бонус цеде ќе има аудио снимка од концертот.

_________________
Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" Signature3zq
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
Sponsored content




Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хераклеа инспирација за "Некст Тајм"   Хераклеа инспирација за "Некст Тајм" I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Хераклеа инспирација за "Некст Тајм"
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Latest discussions
https://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum