Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
 
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share
 

 Next Time во Романија

Go down 
АвторПорака
Zor4e
4ever Next Time
Zor4e

Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 4203
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 23
Локација : Kicevo

Next Time во Романија Empty
ПишувањеПредмет: Next Time во Романија   Next Time во Романија I_icon_minitimeВто Aвг 24, 2010 11:34 am

По успешниот концерт кој се одржа во Хераклеа во Битола, во рамките на Бит-фест, каде Next Time со својот придружен бенд имаа двочасовно незаборавно дружење со своите фанови, кои за оваа прилика пристигнаа од сите делови на Македонија, продолжуваат со активностите надвор од Македонија.

Next Time во Романија Koncert1


На 29-ти август, Next Time настапуваат во најпознатиот романски туристички центар - Мамаиа, во рамките на 40-тото издание на интернационалниот музицки фестивал.

Next Time на покана на минатогодишните претставници на Романија на Евросонг, Паула и Ови (го освоија 3-тото место), ќе го збогатат нивниот концерт, кој ќе се одржи веднаш по прогласувањето на победниците на фестивалот.
Освен Мартин и Стефан, во делот наречен ЕуроМамиа, ќе настапат и претставниците на Малта, Белгија и Молдавија.

Фестивалот ќе се пренесува слободно преку сателит.


Извор:www.mmm.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Zor4e
4ever Next Time
Zor4e

Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 4203
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 23
Локација : Kicevo

Next Time во Романија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time во Романија   Next Time во Романија I_icon_minitimeСре Aвг 25, 2010 11:49 am

Мартин и Стефан одат во Романија

Следниот ангажман на близначкото рок дуо Некст тајм по успешниот петочен концерт во Хераклеа, Битола, е во Романија. Мартин и Стефан веќе на 29 август заминуваат во најпознатиот романски туристички центар - Мамаија, каде што ќе настапат на истоименото 40. издание на интернационалниот музички фестивал. Некст тајм во Романија одат на покана од минатогодишните претставници на Евросонг, Паула и Ови.
Во делот наречен Еуромамаија оссвен Мартин и Стефан ќе настапат и гостите од Малта, Белгија и Молдавија.

Извор:www.vecer.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Moni (L) Next time
х3 Бушавките Братчиња
Moni (L) Next time

Пол : Female
Хороскоп : Leo
Број на мислења : 108
Поени : 3753
Репутација : 22
Registration date : 2009-12-25
Age : 25
Локација : Stip

Next Time во Романија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time во Романија   Next Time во Романија I_icon_minitimeВто Aвг 31, 2010 4:14 pm

По враќасето од Романија

Next Time се уште под импресии од ЕуроМамиа

Next Time во Романија DC3BB20C8DED6F4D8C4527A5A4FFEDBEБлизнаците Мартин и Стефан се вратија од Романија и се уште се под импресии од настапот на ЕуроМамаиа.

Во луксузниот туристички центар Мамаиа,
кој плени со својата убавина, во рамките на 40-тото издание на
престижниот музички фестивал, во вечерта посветена на наградените
натпреварувачи, Next Time настапија како специjaлни гости на годинешната преставничка на Романија на Евросонг.

Паула, која заедно со Ови, го освои третото место на годинешниот Евросонг, за свои гости на концертот ги покани и Сандра Ким - белгиска пејачка која е најмладата победничка на Евросонг
со 14 години, Малтежанката Кјара, која неколку пати ги бранеше боите на
својата земја, како и годинешната преставничка на Молдавија - Олиа Тира.

Мартин и Стефан, како што се очекуваше, ги освоија симпатиите на женскиот дел од публиката. Освен за настап, Next Time времето го искористија и разгледување на убавините на овој дел од Романија и за обновување на контактите со евровизиските колеги и големиот број евровизиски новинари и критичари.

Извор: Македонска Музичка Мрежа
Вратете се на почетокот Go down
Zor4e
4ever Next Time
Zor4e

Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 4203
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 23
Локација : Kicevo

Next Time во Романија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time во Романија   Next Time во Романија I_icon_minitimeЧет Сеп 02, 2010 3:02 pm

Успешно гостување во Романија

Next Time во Романија Euromamia

Близнаците Мартин и Стефан од „Некст тајм“ се вратија од Романија исполнети со импресии од настапот на фестивалот „ Еуромамаја“. Во луксузниот туристички центар Мамаја , кој пленува со својата убавина, во рамките на 40. издание на престижниот музички фестивал, во вечерта посветена на наградените натпреварувачи, „Некст тајм“ настапија како специјални гости на годинешната претставничка на Романија на „Евросонг“, Паула, која заедно со Ови, го освои третото место на овогодинешниот „Евросонг“. Таа како свои гости на концертот ги покани и Сандра Ким - белгиската пејачка, која е најмладата победничка на „Евросонг“ со 14 години, Малтежанката Кјара, која неколкупати ги бранеше боите на својата земја на Евровизија, како и годинешната претставничка на Молдавија, Олија Тира. Мартин и Стефан безрезервно ги освоија симпатиите на женскиот дел од публиката.

Освен за настап, „Некст тајм“ го искористи времето и разгледување на убавините на овој дел од Романија и, секако, за обновување на контактите со евровизиските колеги и големиот број евровизиски новинари и критичари.

Извор:www.utrinski.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




Next Time во Романија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Next Time во Романија   Next Time во Романија I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Next Time во Романија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Create a forum on Forumotion | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Latest discussions
https://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum