Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 „Некст тајм“ имаат свој звук

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Simona*
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 4226
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: „Некст тајм“ имаат свој звук   Саб Окт 30, 2010 8:52 am



Првенчето „Некст тајм“ ја виде светлината на денот пред две години. Како одат подготовките за наследникот? Кога македонската публика ќе може да го очекува и што ќе се смени на него? Дали ќе има нов стил или нови соработници?

Вториот албум на „Некст тајм“ е работен со повеќе внимание од првиот и сметаме дека звучи позрело од првиот. Од првиот албум излегоа повеќе хитови со коишто се пробивме во естрадата и останавме запаметени од македонската публика. Но, сметаме дека вториот албум е подобар од првиот. Впрочем, тоа е позитивната работа, затоа што со подобрувањето на песните и звукот сметаме дека и „Некст тајм“ созреваат музички. Работиме напорно на останатите песни што треба да се појават на вториот албум. Деновиве треба да излезе една песна што ја нарековме „На крајот од денот“ и сметаме дека би била последна како сингл од овој албум. Другите песни ќе бидат нечуени кога ќе излезе албумот. Овој албум го работиме со продуцентот Лазар Цветковски. Исто така, има неколку песни што авторски се целосно на „Некст тајм“.

Последниот соло-концерт го одржавте пред една година во Универзалната сала. Дали македонската публика би можела да очекува нов концерт за промоција на новиот материјал и кога?

Засега сме концентрирани на песната „На крајот од денот“, па потоа сите погледи ќе ги насочиме кон довршување на албумот. Сакаме да направиме голем концерт повторно во Скопје, но и на поголемо место. Меѓутоа, тоа зависи од премногу голем број фактори.

Последните две песни, „Убава“ и „Рамо за плачење“, беа одлично прифатени од публиката. Дали и тие ќе се најдат на новиот албум или тоа се само сингл-изданија?

„Убава“ и „Рамо за плачење“ ќе се најдат на нашиот втор албум. Засега имаме пет издадени песни, остануваат уште неколку.

Од кого ги црпите влијанијата во вашата музика? Кои пејачи, групи и музичари извршиле најголемо влијание врз вас?

Сметаме дека нашата музика има најголемо внимание од самите нас. Сето она што го чувствуваме во тој момент го ставаме во песните. Не ни е потребно да слушнеме некој странски хит на радио и да речеме: „Еј, сакаме ваква песна...“ Тогаш, не би биле ние. Едноставно, веруваме дека „Некст тајм“ имаат свој звук и тоа ги прави да се разликуваат од другите изведувачи. Нормално дека израснавме слушајќи многу добри рок-бендови и рок-пејачи, како „Ганс енд роузис“, „Ајрон мејден“, „Металика“, Бон Џови, Мајкл Болтон и многу други...

Минатогодишната победничка на „Евровизија“, Лина Мајер Ландрут, објави дека и оваа година ќе се натпреварува со цел да ја одбрани титулата од лани. Дали и вие по вторпат би се обиделе да учествувате на македонскиот избор за песна на „Евровизија“ и по вторпат да нè претставувате во Диселдорф?

Зошто да не. „Евровизија“ е одлична промоција за еден изведувач... но страв ни е да не ја поразиме Лина на домашен терен. Би размислиле дали сме до толку нечовечни.

Следните ваши настапи во Македонија и странство за во наредниот период се учествата на фестивалите?

Следниот голем настап „Некст тајм“ ќе го имаат во дискотеката „Гранд“ на 30 октомври, каде што ќе настапиме со нашиот бенд што е наменет за изведба на нашите песни во живо. Големо е местото, но тоа ни е мотив повеќе да се покажеме во најдобра светлина. Нека дојдат сите што сметаат дека треба да ги чујат „Некст тајм“, а ние ви ветуваме незаборавна вечер.

http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Muzika/nekst-tajm-imaat-svoj-zvuk

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
 
„Некст тајм“ имаат свој звук
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Free blog
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum