Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Женски или дует - што ли го мачи естрадниот подмладок?!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Simona*
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 4226
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Женски или дует - што ли го мачи естрадниот подмладок?!   Вто Јун 14, 2011 1:00 am


БЕЛОВ И МАРТИН ФАТЕНИ НА МАСА


Женски или дует - што ли го мачи естрадниот подмладок?!




Приватен или службен разговор докажано е дека најдобро и најопуштено се води на маса. Во таква (кафеанска) шема со чашка алкохол и мезе деновиве ги фативме на дело како нешто си шушкаат Александар Белов и Мартин, едната половина од близначкото дуо "Некст тајм". Белов, кој до скоро беше во музичка илегала откако заврши го снимањето на деби-албумот, заслужено може да ужива во друштво на пријателите. Кај Мартин ситуацијата не е толку опуштена, бидејќи со Стефан веќе наголемо го подготовуваат новиот албум чие излегување е закажано на 20 септември, а ги чека и настапот на хрватскиот музички фестивал Марко Поло" на Корчула, ама сепак нашол време за колегата. На 16. по ред хрватски фестивал близначкото дуо ќе ја отпее темата Дал љубав је гријех" на Огнен Неделковски и Лазар Цветкоски.

Дека имаат за што да зборуваат, не се сомневаме, и двајцата се музичари, млади, па сигурно не им недостасуваат заеднички теми. Но, токму содржината на разговорот, која судејќи по лицата им годи, е она што не интересира. До обелоденувањето останува да претпоставуваме - мала размена на досега стекнатите музички искуства, која нема да им биде на одмет ни на едниот, ни на другиот, или некое заедничко музичко изненадување?! А можеби не се зборувало само за работа?! Ако и се потсетиме дека Белов пред извесно време ни откри дека е во потрага по вистинската девојка, тогаш лесно може да се заклучи дека припадничките на понежниот пол не биле изоставени во оваа дружба. Бидејќи Мартин веќе извесно време е среќно вљубен, не е чудо да му открил некој рецепт на Белов за тоа како се фаќа девојка за везден. Е па, ако е така, среќно!

(Ан.Ѓ.)
http://vecer.com.mk/?ItemID=A12FB523822E0C41950423879914289D

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
Кате
Модератор
Модератор


Пол : Female
Хороскоп : Virgo
Број на мислења : 535
Поени : 3728
Репутација : 81
Registration date : 2009-03-23
Age : 22
Локација : Скопје, Аеродром

ПишувањеПредмет: Re: Женски или дует - што ли го мачи естрадниот подмладок?!   Чет Јун 16, 2011 12:35 am

Иако Белов не ми е еден од омилените лица на естрадата, би сакала да слушнам како ќе звучат заедно со Стефан и Мартин! :)

_________________

Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
 
Женски или дует - што ли го мачи естрадниот подмладок?!
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Free blog
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum