Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Интервју со Мартин и Стефан од “Next Time”

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Simona*
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 4233
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Интервју со Мартин и Стефан од “Next Time”   Пон Јун 20, 2011 11:01 am

Интервју со Мартин и Стефан од “Next Time”




Интересни спомени од детството?
-Ретко се прибиравме дома:-) како и сите други деца, сакавме што повеќе време да поминуваме играјќи фудбал, што значи како убави спомени би ги идвоиле дружбата и другарите.



2. Каде го завршивте основното образование?
-Оу.Лазо Ангеловски во Ново Лисиче

3. Се сеќавате на вашата прва љубов?
-Секако дека се сеќаваме, меѓутоа незнаеме дали они се сеќаваат на нас

4. Кога ви се појави желбата за да се занимавате со музика?
-Желбата се појави во раните детски денови, со нашето појавување на аудицијата во Златно Славејче 95 год.

5. Колку ви се смени животот откако станавте популарни?
-Се трудиме да останеме истите Мартин и Стефан кои луѓето не знаеја и пред Next Time, меѓутоа се повеќе внимаваме на односот во јавност, затоа што треба да им бидеме пример на оние што не следат и почитуваат.



6. Дали можеби поради кариерата ги запоставивте вашите пријатели?
-Се разбира дека не, со оние неколку вистински пријатели сме секојдневно во контакт.

7. Имате многу обожавателки, како се справувате со нив?
-Се додека ги има ќе ни биде драго, достапни сме за сите нив.

8. Како треба да изгледа девојката од вашите соништа?
-Како на сон!!!

9. Ќе ни откриете ли детали од вашиот љубовен живот?
-Се разбира дека нема меѓутоа убаво е кога човек има љубов во себе.

10. Бидејќи сте релативно млади, се надевам дека повеќе експериментирате…кое е најоткаченото место кад е што сте воделе љубов?
-Мислам дека ове е премногу приватно прашање

11. Дали би простиле неверство?
-Никако!!!

12. Со што се занимавате периодов, музички планови ?
-Во моментов сме во подготовка на новиот албум, кој треба да излезе на музичкиот пазар во средината на септември. Планираме и голема промоција за истиот поради тоа што ќе биде невистина нешто квалитетно и со љубов создадено.

13. Дали некоја од досегашните песни е автобиогравска?
-Се разбира дека има и таква, како што cе “Не верувам во тебе”,” Ме мислиш ли”, “Изгубен”, “Кога лажеш каде гледаш”…

14. Што се смени после Евровизија?
-Излеговме од продукција, мислам дека тоа веќе сите го знаете, имавме концерти, настапи, нови песни сега следи и албумот, така да мислам дека одиме во вистинска насока.



15. Каква музика слушате приватно, дома или во автомобил
-Rock, R’n’b, се што е актуелно и неактуелна

16. Имате ли идол?
-Се разбира дека имаме, тоа е нашата мајка.

17. Како го користите слободното време?
-Со јахтата одиме и пиеме шампањ…хахах мала шала, со најблиските се разбира.

18. Колку време поминувате пред огледало?
-Најмалку.

19. Дали спортувате?
-Се разбира, млади сме мора да спортуваме, играме фудбал или трчаме на кеј кога имаме време.



20. Кога би можеле да промените една работа кај себе, што би било тоа?
-Би ја промениле искреноста, некои луѓе не го заслужуваат тоа, нели?

21. Планови за летото? На која плажа ќе можеме да ги сретнеме Мартин и Стефан?
-Плановите се да го завршиме албумот ако остане време се разбира дека ќе отидеме на некоја посебна плажа, а зашто да не и градската…хахаха

22. Планови за кариера надвор од границите на Македонија?
- Во преговори сме за неколку дуети, кога ќе се оствари тоа ќе дознаете сите.



23. Градејќи ја кариерата веројатно сте се соочувале и со помалку пријатни моменти. Кога ви било најтешко?
-Се разбира има и такви моменти…никој не живее во совршен свет, па така и ние…За Мартин, Стефан и Next Time нема тешки моменти, се е лесно.

24. Колку сте поврзани меѓусебно?
-Ако зборуваме во поглед на музиката, многу сме поврзани, многу лесно се читаме еден со друг.

25. Дали некогаш сте го злоупотребиле тоа што сте толку слични?
-Да неколку пати;-)



26. Дали некогаш сте се скарале за девојка?
-Никогаш, зар девојка да не скара, неможе тоа да се случи.

27. Колку често поклонувате подароци и кој е најоткачениот подарок што сте го подариле?
-Многу често поклонуваме, а за тоа нив ќе ги прашате.

28. Што мислите за познатите имиња во Македонија и со кого најмногу се дружите приватно?
-Па вака, под познати мислите на Владо Јаневски, Каролина Гочева, Наум Петревски, Калиопи, Тони Зен, Слаткар, Мартин Србиновски…за нив имаме најдобро мислење, а приватно се дружиме со Мартин Србиновки некако најискрен е со нас

29. Нешто што би сакале да додадете,а не ве прашавме?
-ДА, сакаме да додадеме дека Владата на Република Македонија треба да отвори еден музички фонд, како што е филмскиот и се разбира да не подржува финансиски во сето ова што го работиме и твориме, би ни значело многу не само на нас, на сите музичари…

Фала многу и поздрав до сите обожаватели на NEXT TIME, ќе имате уште многу да слушнете од нас, поздрав!



http://popara.mk/prikazna/intervju-so-martin-i-stefan-od-next-time/

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
 
Интервју со Мартин и Стефан од “Next Time”
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Create a free blog
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum