Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Некст Тајм: На 20 септември народот ќе ја земе судбината во свои раце

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Zor4e
4ever Next Time


Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 3218
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 20
Локација : Kicevo

ПишувањеПредмет: Некст Тајм: На 20 септември народот ќе ја земе судбината во свои раце   Пет Jул 01, 2011 11:30 am



Токму на 20 септември, Мартин и Стефан ќе го промовираат новиот албум, за кој велат дека ќе биде нешто посебно, полно со адреналин и квалитетна музика.Во ова интервју на Некст Тајм, ексклузивно за ТОЧКА дознавате како згасна соработката со План Б продукција, кој воедно беше нивен прв договор на професионален план. Во продолжение Ви ги сервираме деталите за музичката кариера, приватноста, но и информации за новиот албум.

Стефан, 2010 беше убава година за тебе, 2011 за Мартин, сакам да кажам дека тогаш си ги фативте девојките. Како функционирате на тоа поле? Какви се Мартин и Стефан како дечковци?


Стефан- Јас знам дека сум искрен кога станува збор за љубовта, секогаш пристапувам најискрено. Не барам девојка наоколу колку да имам, туку тоа едноставно се случува. Мене ми се случи многу спонтано, јас и нејќев да се заљубам во тој период, меѓутоа едноставно ми се случи. Со Драгана се запознавме овде во Скопје. Мене и претходно ми беше доста симпатична, и така...не беше ништо планирано, се се случи онака како што требаше.

Мартин- На љубовен план знам да фунционирам и добро и лошо. Има и караници, но повеќе преовладува убавото во врската. Јас со мојата девојка се знаев од средно каде што учевме заедно, но во различни класови. Бев на 5 години матура и тука се споивме. Контакти, излегувања, дружење, и ете, се случи тоа што се случи.

Ќе учествувате на фестивал во Хрватска ова лето, снимате песни, го спремате албумот кој треба да излезе во септември месец. Некст Тајм доста активни и работат на својата кариера. Како течат подготовките за 2 по ред Ваш албум?

Стефан- Па да, работиме, искрено кажано, не е како што започнавме така активно по медиуми да објавуваме до кај сме и што правиме, се повлековме, работиме на квалитет. Несакаме само да не има, сакаме тоа што го правиме да биде квалитетно. Ако првиот албум го издадовме за 7 месеца, овој албум го работиме веќе 2 години. Самото време кажува дека нашето внимание е свртено кон квалитетот, а не квантитетот. До сега издадовме 6 песни од кои што сите станаа хитови, народот ги знае. Останатите песни ќе бидат поубави, Ве уверуваме во тоа. Во овој албум сме посозреани,музички, тоа е очигледно и се радувам.

Каде се крчка новиот албум?

Мартин- Во студио, секако. Го работиме со Лазар Цветковски, имаме голема доверба во него и затоа одлучивме овој албум да му го довериме него, ќе ги видиме реакциите од публиката и се надевам дека и третиот албум ќе го работиме со него. Во првиот албум имавме 3 наши песни, во овој албум ќе имаме 5- 6. Ме радува фактот дека созреавме музички, и можеме да правиме песни и да не зависиме од друг. А додека немаме инспирација, тогаш ја препуштаме работата на некој кој ќе има инспирација.

Вие сте близнаци, но не идентични, затоа што се разликувате доста. Секој си негува свој стил, Стефан, Мартин, кој се Вашите стилови?

Стефан- Мојот стил...па со оглед на тоа што имам долга шатирана коса, мојот стил потекнува од 80-тите, личам на тие рокерите кои носеле долги коси, бушави, баш како мене. Јас сум малку помодерен, носам и такви наочари. А кога е во прашање облеката, сакам да носам тесни фармерки, маички, кошули, патики, стартки...

Мартин- Јас носам капче, но не значи дека сум рапер. Капите ми се фетиш, најудбно се чувствувам во нив. Искрено мразам кога коста ми е пуштена, можам да ја поднесам само на настапи. Вака за дневна шема повеќе сакам да си носам капче, бермуди, не се чувствувам удобно во фармерки. Пораскомотено ми е поубаво.

Започнавте со План Б продукција, продолживте со Јованов Рекордс, за на крај да продолжите сами. Според моите информации, Вие сте на суд со План Б. Потврдувате или демантирате?

Стефан- Ние сме тужени од првата продукција која што ја спомена, тоа е нивна работа. Тужени сме, наша должност е да се појавиме на суд и толку. Нејќеме да се занимаваме со судови, тужби и такви работи. Сакаме да се занимаваме со музика, да пишуваме, твориме и правиме нови песни.

Мартин- Она што до ден денес сме го постигнале, сме го постигнале благодарение на Мартин и Стефан, благодарение на нашата мајка, нашата фамилија. Се друго било мачкање очи во јавност. Јас сум убеден дека во Македонија нема менаџер кој ќе ти најде инвеститор. Тие продукции не вложувале во нас, само давале информации за нашата кариера по медиуми и толку. Ги имале контактите со новинарите што малку ни го олесни патот кон успехот, но главниот збор треба да го има квалитетот, финансиите и среќата.

Кој според Вас, сега е најпопуларен кај нас?

Стефан- Популароста е минлива работа на македонската естрада и многу ми е криво што популарноста го победува квалитетот моментално. Можеби грешам, но би сакал луѓето да се насочат повеќе кон квалитетот а не кон популарноста. А се појави некој нов сите кубат коси за него. Кубеа коси и за нас, тоа е супер, но јас апелирам да се свртат кон квалитет, а не кон нови и популарни лица кои имаат само квантитет во нив.

Мартин- Кој е најпопуларен на естрада кај нас? Има квалитети, но да издвојувам сега малку е неблагодарно. Можам да ти кажам кој се квалитетни. Квалитетен е Тони Зен, Слаткар, Каролина, Наум Петрески, Калиопи, Владо Јаневски, Влатко Стефановски, Влатко Лозаноски, Мартин Србиновски.

Колку кај нас се продаваат албумите и колкав продаден тираж очекувате од новиот албум?

Стефан- Искрено од продажба на албуми не може да се преживее. Треба да влезе некој спонзор кој ќе ти даде средства за да се направи албумот, да се направат концерти, но тие пари се трошат и мора на некој начин да се преживее од година за година.

Мартин- Очекуваме нашите албуми да се вртат на ЈуТјуб, затоа што искрено нема некој медиум кај нас што почесто би ги пуштал тие песни, било да е радио или ТВ. Треба малку повеќе да се форсира македонска музика, и да се почитува што повеќе. Само така ќе си ја спасиме музиката.

Која од Вашите песни Ви е автобиографска?

Стефан- Не верувам во тебе. Песна напишана од мене и ја обожавам.

Мартин- Изгубен. Таа песна е од првиот албум, доста е бавна, но е песна која што ќе остане.

Имате постар брат, па го слушате ли бато Филип?

Мартин- Во принцип не го гледаме брат ни, имаме ние двајца браќа, едниот е од првиот брак на татко ми, така што ете, го поздравувам сега. А брат ми Филип не го гледам, оди на работа, се враќа, вози мотори.

Стефан- Филип многу не подржува, тој е најголемиот наш критичар заедно со нашата мајка и вујко. Секоја нова песна поминува покрај нив. Ако ни дадат зелено светло ја издаваме песната, ако не ја фрламе во канта и толку.

Мартин, што би сменил кај Стефан. Што е она што не ти се допаѓа кај него? И обратно.

Мартин- Што би изменил па си знае тој, да биде малку пореален.

Стефан- Јас би го натерал да не јаде толку навечер.

Како би се опишале себе си со три збора?

Мартин- Фин, културен и воспитан.

Стефан- Искрен, амбициозен и човек кој нејќе да му згреши никому.

И за крај, што ги советувате сите читатели на ТОЧКА?

Некст Тајм- Да слушаат македонска музика, ние секогаш кога ќе имаме нешто ново ќе ги информираме за тоа. Да бидат живи здрави и да не лажат. Да го прочитаат ова интервју претпазливо, и така.
Вратете се на почетокот Go down
 
Некст Тајм: На 20 септември народот ќе ја земе судбината во свои раце
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Have a free blog with Sosblogs
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum