Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Рап & Рол - дует на Некст Тајм и Тони Зен

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Simona*
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 4227
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Рап & Рол - дует на Некст Тајм и Тони Зен   Сре Сеп 14, 2011 5:59 pm

Спонтана соработка

Рап & Рол - дует на Некст Тајм и Тони Зен

Соработката со Тони излезе сосема спонтано и многу сме задоволни од финалниот производ, ова е само уште еден доказ дека никогаш нема да заборавиме од кое маало доаѓаме, без разлика на нашите успеси. Песната е во еден навистина заразен рап & рол ритам, па токму затоа и го дадовме тој наслов. Сигурни сме дека оваа песна ќе биде една од фаворитите на нашата публика од новиот албум - велат Мартин и Стефан

Некст Tајм ќе ви кажат сега сe, Некст Тајм заедно со Тони Зен, рап & рол сега ние споивме и ќе се слуша сe до ѕвездите. Со овие стихови започнува новата песна на Некст Тајм, на која им гостува еден од најдобрите хип-хоп артисти во Македонија, Тони Зен.


Музиката за темата која е насловена Рап & рол ја направи едниот член од Некст Тајм, Мартин Филиповски, кој заедно со продуцентот на нивниот нов албум, Лазар Цветкоски, го направи и аранжманот за песната. Текстот за Рап & Рол е дело на другиот член од братското дуо, Стефан, а рап делот, кој самиот го изведува, го напиша Тони Зен.

Минатиот викенд дуото Некст Тајм ја освои бугарската публика со својот настап на меѓународниот Balkan Youth Festival во Сандански, каде што во ревијалниот дел имаа свој мини концерт кој ги остави присутните без здив.

Овој настап на Некст Тајм беше само генерална проба за она што ќе се случува наредниот вторник (20-ти септември) во хотелот Александар Палас, кога тие за својот 25-ти роденден ќе го промовираат нивниот втор албум На крајот од денот.

Новата песна Рап & Рол, обожавателите на Некст Тајм и Тони Зен за прв пат ќе можат да ја слушнат на промоцијата на албумот.

www.MMM.com.mk

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
 
Рап & Рол - дует на Некст Тајм и Тони Зен
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Sosblogs.com
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum