Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Нашите девојки не им се лутат на обожавателките - Интервју

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Simona*
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 4226
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Нашите девојки не им се лутат на обожавателките - Интервју   Чет Сеп 22, 2011 5:10 pm

Нашите девојки не им се лутат на обожавателките

„НЕКСТ ТАЈМ“ со двојна причина за славење




Со миниконцерт, торта и шампањ, беше промовиран вториот албум на Мартин и Стефан „На крајот од денот“




Честитки за новиот албум. Убав ден за промоција - роденден, наполнивте 25 години, последните две ги минавте и во подготовка на вашето второ цеде - „На крајот од денот“. Е па, момци, на крајот од работата - се исплатеше ли двегодишниот труд? Што ни нуди „Некст тајм“ на својот нов студиски проект?

„Најпрво благодариме за искрените честитки. Денот не можеше да биде поубав, иако е сиво небото, сонцето грее во нашите души, исполнети сме со среќа најпрво што полниме 25 години, па потоа што овој ден е наменет за промоција на нашиот труд, т.е. нашиот втор студиски албум. Самите знаеме со колкава енергија, со колкава амбиција, желба и труд го создадовме овој албум и тоа не' прави посебно среќни и горди што со 25 години успеавме да изградиме нешто што сметаме дека ќе остане.

„Некст тајм“ во овој албум им нуди на слушателите малку поразлична музика од онаа што се навикнати да слушаат од нас. Од првиот албум, па до вториот се забележува разлика во квалитет, пред се', текстуално, музички, вокално и други работи“.



Поради подготовката на албумот, извесен период ве немаше ниту во медиумите, па обожавателите се прашуваа каде сте... Ја менувате ли стратегијата на работа - одите пополека, посмирено, повеќе размислувате...

„Да, еден период не' снема, тоа е затоа што сакавме да ги сработиме останатите песни што требаше да се најдат на новиот албум. Кога се појавивме на музичката сцена, сметавме дека треба да направиме се' за да не' има, за да не' запознаат слушателите и гледачите. По Евровизија, сметавме дека не треба да се форсираме толку, затоа што повеќе не беше потребно. По тој период, како музичари, решивме дека „Некст тајм“ треба да оди на квалитет. Никогаш не сакаме да не' снема од сцената, или од публиката или од малите екрани, меѓутоа ние сме артисти и ни треба одмор за да собереме нова инспирација и сила за да направиме нешто што само ќе му го зацврсти местото на музичката сцена. По промоцијата, во план е да се направи и минипромоција на новиот албум во Битола во кафе-клубот „Фејмус“ („Famous“), што важи за еден од најубавите клубови во Битола“.

Како излезе соработката со Тони Зен на „Рап енд рол“?

„Премногу сме среќни зашто првиот наш дует или соработка е токму со македонски изведувач, кој не е кој било, туку еден од најдобрите рапери на македонската музичка сцена - Тони Зен. Мартин ја направи музиката што беше наменска - за дует. Тој сметаше дека најдобар ќе биде спојот на рокот и рапот, му се јавивме на Тони, тој не се двоумеше, влеговме во студио и блеснавме“.



Зар не е напорно самите да ги менаџирате работите? И како се снаоѓате со спонзори? Имаат ли тие слух за македонската музика?

„До неодамна соработувавме со Симона Негриевска, меѓутоа таа повеќе не соработува со ’Некст тајм‘, така што споивме тим што ќе се грижи за пи-ар делот, а останатото е на наш грб. Сепак, тука се пријателите кои беспрекорно ни помагаат .

Со самиот овој факт што покрај пеењето и креирањето на албумот, ја работиме и организацијата на промоцијата и многу други работи поврзани со „Некст тајм“, посебно сме горди што успеавме да им понудиме на слушателите сега за сега, според нас, преубав албум“.



Честопати ја спомнувате вашата мајка во интервјуата како неизмерна поддршка и еден од главните виновници за она што сте го постигнале досега. Колку вашиот татко ве поддржува во она што го правите?

„Како да не ја спомнуваме кога таа е незаменлива, пак ќе речеме - таа е пример за мајка. Таа е пример за вистински борец и работник и пример за нас“.



Им се лутат ли вашите девојки на обожавателките?!

„Ха ха ха... зошто би се лутеле? Нашите девојки имаат разбирање за се'!“



Студирате на Американ колеџ. Колку вашата популарност ви дозволува „оправдани“ отсуства од предавања, ха,ха,ха?

„Мартин е трета година, а Стефан од оваа година станува дел од Американ колеџ. Со оглед на тоа што сме вонредни студенти, немаме никакви проблеми со отсуства од предавања“.



Време ли е за еден навистина голем солистички концерт?

„Ни се случија два концерта, едниот во Универзална сала, а другиот во Хераклеја, во Битола. И тие беа големи, меѓутоа следниот што доаѓа ќе биде навистина голем!

Еве да речеме - голем како Перо Антиќ!“

Што содржи албумот „На крајот од денот“?

На албумот „На крајот од денот“ се сместени 12 композиции, од кои шест се комплетно нови, нечуени досега, а останатите шест веќе добија и видеозаписи: „Нешто што ќе остане“, „ На крајот од денот“, „ Рамо за плачење“, „ Убава“, „Кога лажеш каде гледаш“ и „ Недостајеш ми веч“. Албумот комплетно е продуциран од Лазар Цветкоски, а две песни се во продукција на Дарко Тасев. Четири од дванаесетте композиции се авторско дело на браќата од „Некст тајм“, а зад осум текстови се потпишува помалиот близнак Стефан Филиповски.



Промоција со шампањ и две роденденски торти

Интензивните врнежи од дожд во вторникот вечер не беа пречка за околу 500 фанови, пријатели, новинари, колеги (Лозано, браќата Тавитјан, Дарко Илиевски, Александар Белов, Тамара, Даниел Дан...) да бидат дел од промоцијата на новиот албум на „Некст тајм“, што се одржа во хотелот „Александар палас“. Момците им приредија на присутните и миниконцерт на кој премиерно го слушнавме и дуетот со Тони Зен - „Рап енд рол“. Сосема на крајот, како изненадување, а идеално вклопено во славеничкиот ден, на сцената пристигна шампањ и две роденденски торти со 25 свеќички, од кои едната беше од нивните девојки. Среќен роденден, Мартин и Стефан!

http://utrinski.com.mk/?ItemID=89685083479BBE4C8FD0B4DA11944730

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
 
Нашите девојки не им се лутат на обожавателките - Интервју
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Have a free blog with Sosblogs
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum