Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Интервју: „Некст тајм“ - „Леле, луѓе, што направивме?“

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Simona*
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 4233
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Интервју: „Некст тајм“ - „Леле, луѓе, што направивме?“   Пет Сеп 23, 2011 10:34 pm

По одличната промоција на новиот албум на „Некст тајм“, со Стефан и Мартин си направивме краток муабет околу новиот албум.

Честито нов албум, 25-ти роденден и одлична промоција. Ајде накратко за импресиите од промоцијата. Колку бевте задоволни?

Ви благодариме! Промоцијата помина одлично тука во Скопје. Следи мини-промоција и во Битола, во кафе-клубот „Famous“, каде што и таму ќе се дружиме со фановите. Презадоволни сме од постигнатото, од промоцијата, од сè. Имаше премногу луѓе и покрај тоа што дождот сакаше да ни застане на патот, сепак имаше повеќе сонце на промоцијата отколку капки дожд надвор по улиците. Им благодариме на сите што дојдоа и ни ја дадоа поддршката.

Вториот албум се вика „На крајот од денот“ и содржи 12 песни. Како се создаваа песните, кој е тимот што работеше на албумот?

Песните се создаваа особено долго време, но на крајот сметавме дека создадовме песни за сечие уво. Поголемиот дел од песните се дело на Лазар Цветкоски, неколку песни се наши. Стефан има напишано осум текста, соработувавме и со еден од нашите најдобри текстописци Огнен Неделковски, соработувавме со Магдалена Цветкоска и Дарко Тасев.

Која е пораката што сакате да им ја пренесете на вашите фанови преку вашите песни?

Нема некоја порака, едноставно има реалност и искреност во сите нив. Не сакаме да имаме текстови што нема да допрат до никого, сакаме емоцијата во текстот да биде присутна, но да биде присутна и реалноста. Во песната „Рап енд Рол“, во којашто гостин е Тони Зен, се изразивме текстуално малку поневообичаено за „Некст тајм“, но сметаме дека тоа е добра промена. Во неа сакаме да кажеме дека и покрај тоа што станавме она што сме сега, секогаш сме присутни во нашето маало во коешто израснавме и ако не е тоа мислиме дека не би можеле да функционираме.

Сите ваши песни ги сакате, но имате ли некоја посебно омилена од албумот и зошто?

Секако дека имаме свои фаворити. На Мартин „Рап енд Рол“ му е омилена, песната е гитарска со добар ритам и мелодија. Стефан отсекогаш бил повеќе наклонет кон баладите, така што негови фаворити се „Не верувам во тебе“ и новата песна „Лице од рај“.

Заработивте ли „парички“ од претходниот албум, како одеше продажбата?

Не заработивме ниту еден денар. Немаме право на него.

Како излезе соработката со Тони Зен?

Песната „Рап енд Рол“ е дело на Мартин, бидејќи тој приватно слуша многу рап, покрај рок-музиката, па сакаше таа песна да ја направиме со рапер. Без двоумење и двајцата сметавме дека Тони Зен е идеалниот за оваа песна, му ја понудивме песната, тој ја прифати, ја снимивме и излезе нов хит.

Како изгледа еден ваш ден од утро, па до крајот на денот?

Стануваме секое утро, како по навика во 8:30 часот, некогаш малку подоцна. Доколку имаме обврски, ги извршуваме, јадеме, пиеме вода, како сите нормални луѓе се дружиме со пријатели, пријателки, девојки и на крајот од денот си велиме: „Леле, луѓе, што направивме“, барем така беше по промоцијата.

Кое е најдоброто нешто што го постигнавте во вашата досегашна кариера, го достигнавте ли врвот?

Најдоброто допрва следува, со секој нов потег сметаме дека созреваме и веруваме дека ова е само почеток на она што следи.

Кои се вашите следни планови?

Идните планови се да имаме голем број настапи, да ги промовираме новите песни, да направиме барем уште еден спот до крајот на годината, Стефан да се запише на „Американ колеџ“, Мартин да заврши на истиот, а за следната, ќе видиме, дај боже еден голем концерт!

http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Muzika/intervju-nekst-tajm--lele-lugje-shto-napravivme

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
 
Интервју: „Некст тајм“ - „Леле, луѓе, што направивме?“
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Sosblogs
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum