Подготовката на големата отворена промоција, која братското рокерско дуо Некст Tајм ја планира за 20-ти септември, ќе застане на еден ден, поради настапот во ревијалниот дел на меѓународниот фестивал во Сандански, соседна Бугарија.
Утревечер, 10-ти септември, браќата Мартин и Стефан Филиповски по втор пат ќе настапат на овој престижен фестивал, меѓу голем број гости од други земји.
Тамошната публика тие ќе ја почестат со 40-минутен концерт, на кој ќе ги изведат своите најголеми хитови.
И покрај големите обврски околу новиот албум и неговата промоција на денот кога ќе наполниме 25 години, поради инсистирањето на организаторите да бидеме нивни гости, одлучивме дека настапот на овој фестивал не треба да се одложи. Напротив овој наш мини концерт во Сандански, ќе ни биде само генерална проба пред промоцијата на нашиот втор албум во Македонија – ни изјавија членовите на Некст Tајм.
Првиот настап на Balkan Youth Festival се случи првата година од постоењето на рокерското братско дуо во 2008-та година.
Браќата од Некст Tајм веднаш по враќањето од Сандански, продолжуваат со полна пареа да работат околу нивната голема промоција.
Извор:mmm.com.mk