Simona* Администратор


Пол :  Хороскоп :  Број на мислења : 838 Поени : 5740 Репутација : 154 Registration date : 2009-03-18 Age : 26 Локација : Охрид, Македонија
 | Предмет: Рап & Рол - дует на Некст Тајм и Тони Зен Сре Сеп 14, 2011 5:59 pm | |
| Спонтана соработка Рап & Рол - дует на Некст Тајм и Тони Зен Соработката со Тони излезе сосема спонтано и многу сме задоволни од финалниот производ, ова е само уште еден доказ дека никогаш нема да заборавиме од кое маало доаѓаме, без разлика на нашите успеси. Песната е во еден навистина заразен рап & рол ритам, па токму затоа и го дадовме тој наслов. Сигурни сме дека оваа песна ќе биде една од фаворитите на нашата публика од новиот албум - велат Мартин и Стефан Некст Tајм ќе ви кажат сега сe, Некст Тајм заедно со Тони Зен, рап & рол сега ние споивме и ќе се слуша сe до ѕвездите. Со овие стихови започнува новата песна на Некст Тајм, на која им гостува еден од најдобрите хип-хоп артисти во Македонија, Тони Зен. Музиката за темата која е насловена Рап & рол ја направи едниот член од Некст Тајм, Мартин Филиповски, кој заедно со продуцентот на нивниот нов албум, Лазар Цветкоски, го направи и аранжманот за песната. Текстот за Рап & Рол е дело на другиот член од братското дуо, Стефан, а рап делот, кој самиот го изведува, го напиша Тони Зен. Минатиот викенд дуото Некст Тајм ја освои бугарската публика со својот настап на меѓународниот Balkan Youth Festival во Сандански, каде што во ревијалниот дел имаа свој мини концерт кој ги остави присутните без здив. Овој настап на Некст Тајм беше само генерална проба за она што ќе се случува наредниот вторник (20-ти септември) во хотелот Александар Палас, кога тие за својот 25-ти роденден ќе го промовираат нивниот втор албум На крајот од денот. Новата песна Рап & Рол, обожавателите на Некст Тајм и Тони Зен за прв пат ќе можат да ја слушнат на промоцијата на албумот. www.MMM.com.mk_________________ ツ | |
|