Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 „Некст тајм“: Често ни се нудат девојки за групен секс!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Elena^



Пол : Female
Хороскоп : Capricorn
Број на мислења : 101
Поени : 3004
Репутација : 7
Registration date : 2009-03-28
Age : 26
Локација : Струга

ПишувањеПредмет: „Некст тајм“: Често ни се нудат девојки за групен секс!   Пет Сеп 25, 2009 1:27 am

За дуото „Некст тајм“ не е потребна детална анализа. Од моментот кога стапнаа на сцената, близнаците Мартин и Стефан ги покажаа својата харизматичност и неоспорниот талент. За кратко време ги освоија симпатиите на сите тинејџерки, но и постарата женска популација не остана рамнодушна на нивниот шарм. Близнаците брзо научија како да го смират притисокот на естрадата и да искулираат во стил на искусни музичари. За се што им се случуваше во изминатиот период, искрено како и секогаш, проговорија за „Свет“.

Летниов период како да е создаден за опуштање и за уживање. Успеавте ли да најдете време за да се опуштите, па и да доживеете некоја летна авантура?
Мартин:Бевме на одмор во Будва, се одморивме малку, но искрено бевме во друштво со брат ни ХФилипХ и на неговата девојка, и со пријатели, па немавме време и можности за луд провод. Но затоа се одморивме и еве не свежи за нашата публика.
На црногорското приморје во мода се стриптиз-барови, па сигурно не пропуштивте таква лумперајка на разголени газиња и голи гради?
Стефан:Немаме ништо против таквите журки, но овој одмор го искористивме пасивно, што се однесува на ноќниот живот. Но затоа пливавме, се возевме на банани и педалинки.

Мора да признаете дека оваа година ви беше бурна. Непосредно пред заминувањето во Москва ја прекинавте соработката со тогашниот менаџер Кристијан. Одлуката беше ваша или ги послушавте сугестии отстрана?
Мартин: одлуката беше наша. Но ако професионално не соработуваме,
нема потреба да не се почитуваме и да не се поздравиме кога ќе се видиме.

Значи ли тоа дека никој никого не тужи?
Ние никого не тужиме. Мислам дека Кристијан поднел некаква тужба, но на суд се уште немаме заминато.
Со „Јованов рекордс“ имавте добра соработка, но потоа неочекувано нешто пукна. Што се случи?
Мартин: Ништо не пукна, соработката ја завршивме на најдобар начин, пријателски. Го прочитавме неговото интервју во „Свет“, па како што кажува тој, така нека биде. Престанавме да соработуваме со неговата продукциска куќа, но тоа не значи дека во иднина нема да оствариме некоја соработка со него, доколку се најдеме на иста фреквенција.

Се шпекулира дека за раскинување на вашиот договор со „Јованов рекордс“ на Јован сте му исплатиле 15.000 евра во кеш, а со тоа сте се спасиле од непотребни главоболки и влечкање по судови.
Мартин: Уф, па тоа е цел еден автомобил, чекај да се расонам. Тоа е сепак нешто што се случуваше меѓу нас, верувам дека не ја интересира нашата публика.И нас не не интересира, имаме луѓе што се задолжени за вакви придружни работи. Наше е да размислуваме за музичкиот дел и да дадеме се од себе на ова поле.

Дали „Јованов рекордс“ ви понуди трансфер да преминете во „Авалон“?
Стефан: Никогаш нема да знаеме дали Јован не понудил на „Авалон“, ние не добивме конкретен предлог. Можеби помеѓу нив постоеле некои разговори за кои ние не бевме известени.

Како дојде соработката со Симона, која е дел од „Аворд продукција“?
Мартин: Спонтано, се најдовме на иста бранова должина. Симона многу ни помага, помеѓу нас не постои пишан договор и во моментов така е најдобро. А како што гледаш, одлично се вклопивме сите.

Дали зад вас ќе застане „Аворд“?
Стефан. Никогаш не се знае. Ние побаравме помош од Симона и не не интересира дали зад неа стои „Аворд“ или не. Сега-засега ја гледаме и соработуваме само со Симона.

Имавте ли контакти со Љилјана Петровиќ?
Стефан: Со ХЉиљаХ се имаме запознаено на едно промоција. Но нема потреба ние да кажуваме колку е таа добра во својата работа, делата што ги има направено кажуваат, а нив ги препознаваат целиот Балкан и светот.

По последно време пејачите се жалат на своите менаџери. Какво е вашето искуство?
Мартин: Има една изрека што своевремено му ја кажал ХЗлатан ИбрахимовиќХ на својот менаџер - јас ако постигнувам голови тогаш и мојата мајка може да ми биде менаџер. Така што квалитет и талент мора да постојат за менаџерот да си ја врши работата. За да бидеш присутен, според мене, важна е публиката, можеш и да се вртиш дваесет пати на ТВ-екраните, но ако публиката не те сака и не ги чувствува твоите песни ништо не си направил. Еве јавно и се заблагодаруваме на нашата публика за нејзината поддршка.

За што најчесто се карате и кој од вас е потолерантен?
Стефан: На сцена никогаш не се караме, туку одлично функционираме. Знаеме да се скараме дома кој го зел автомобилот или кој ќе ги испере садовите. Но секогаш правиме компромис.
Мартин: И Стефан како помал пет минути попушта (се смее)...

Дали ви се совпаѓаат вкусовите кога станува збор за девојките, знаете ли тогаш да се скарате?
Стефан: Се случува и тоа, но предност има тој на кого прв му се допаднала девојката, другиот се повлекува.

Ви се случува ли да ви пријде некоја девојка и да ви понуди секс за една ноќ?
Стефан: Ни приоѓаат девојки, со непристоен предлог за групен секс со мене и брат ми за една вечер, ама ние ги одбиваме. За среќа, повеќето девојки не гледаат со други очи.

Со какви очи ве гледаат?
Мартин: Со сини, со зелени, со кафени очи.

Ви верувам, примерни момчиња сте, но сигурно и на вас ви работи фантазијата. Дали ве привлекува секс со некоја „газела“ со темен тен?
Уф, па што да ти кажам. Не ми е некој предизвик секс со црнкиња. Бојата на кожата не е од пресудно значење дали некоја девојка ќе ме привлече или не.

Во какви односи сте со вашиот татко, контактирате ли?
Мартин:Тој живее во селото Жван во близина на Демир Хисар, па иако не го гледаме секојдневно, се слушаме постојано. Како и секој родител и тој, покрај нашата мајка, ни е голема поддршка.

Слушнав дека балканската пророчница Клеопатра ви предвидела блескава кариера и многу пари.
Стефан: На Мартин му предвиде многу пари, на мене не толкаво богатство, но тој како вистински брат нема да ме заборави (се смее)...

Може ли да се опуштите со турбофолк-ритам?
Па кој си слуша турбофолк нека слуша, кој сака рок - нека слуша. Сека и Карлеуша никако не влегуваат во комбинација. Наташа Беквалац е поинаква, неа ја слушаме.

Конечно откривме каков тип на девојка ви се допаѓа...
Бинго!

Што е следно на професионален план?
Следниве песни сакаме да ни бидат малку позрели од претходните, ќе постои промена на ритамот, но не многу драстична. Почнавме да соработуваме со бенд и наскоро очекувајте пријатно изненадување, а вие како најчитан магазин први ќе дознаете.

svet.rs
Вратете се на почетокот Go down
http://darkoilievski.forummk.com/index.htm
??????
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: „Некст тајм“: Често ни се нудат девојки за групен секс!   Пет Сеп 25, 2009 12:43 pm

Што е следно на професионален план?

Следниве песни сакаме да ни бидат малку позрели од претходните, ќе постои промена на ритамот, но не многу драстична. Почнавме да соработуваме со бенд и наскоро очекувајте пријатно изненадување, а вие како најчитан магазин први ќе дознаете.


Па тој се тражи, интересно!! (: у новиот број ги има такој?- не сам отворила...
Вратете се на почетокот Go down
Леа
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Gemini
Број на мислења : 695
Поени : 3894
Репутација : 77
Registration date : 2009-03-20
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Re: „Некст тајм“: Често ни се нудат девојки за групен секс!   Пет Сеп 25, 2009 7:17 pm

Тоа е од 16.09.2009... Инаку едвај ги чекам таквите песни :):)

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
Nate



Пол : Female
Хороскоп : Virgo
Број на мислења : 10
Поени : 2467
Репутација : -5
Registration date : 2010-03-14
Age : 21
Локација : Skopje

ПишувањеПредмет: Re: „Некст тајм“: Често ни се нудат девојки за групен секс!   Пет Мар 26, 2010 2:36 pm

Ги цекаме новите песниЧД
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: „Некст тајм“: Често ни се нудат девојки за групен секс!   Today at 11:10 am

Вратете се на почетокот Go down
 
„Некст тајм“: Често ни се нудат девојки за групен секс!
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Sosblogs.com
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum