Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Во средното музичко училиште "Илија Николовски Луј" се одржа хуманитарен концерт

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Леа
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Gemini
Број на мислења : 695
Поени : 3900
Репутација : 77
Registration date : 2009-03-20
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Во средното музичко училиште "Илија Николовски Луј" се одржа хуманитарен концерт   Сре Фед 17, 2010 12:46 am


Хуманитарниот концерт "ЉУБОВНИ НОТИ" се одржа и оваа година, а е во организација на средното музичко училиште "Илија Николовски Луј" и Црвениот крст.
На концертот учествуваа ученици од основниот и средниот инструментален оддел при ДМБУЦ "Илија Николовски Луј" со многу интересна програма. Освен учениците присуствуваа и наши познати ѕвезди од естрадата Александар Митевски, Некст тајм и Влатко Лозановски, кои ги донираа свои цедиња и ДВД-изданија за да се продаваат, а средствата да се дадат на едно загрозено семејство.
- Овој хуманитарен концерт го реализираме по вторпат. Целта на концертот оваа година беше да се соберат средства за помош на едно загрозено семејство. Се надевам дека се уште има хумани луѓе кои сакаат да му помогнат на ова семејство - рече директорот Зоран Џорлев.
Тој додаде дека исто така и Калиопи која е поранешен ученик на нашето училиште го најави своето отсуство поради службено патување, но донираше свои ЦД и ДВД-изданија и ја поддржа оваа акција.
- Јас специјално изработив дваесетина ЦД-а ексклузивно наменети за оваа хуманитарна акција. Салата беше претесна за бројката на хуманите посетители, но се надевам дека следната година, здравје боже, ќе ја направиме уште поголема. Инаку нашето училиште е едно од најекспонираните во многу хуманитарни и добротворни концерти, истакна Џорлев.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=D5DBFF26FDD8FB48A925D0A909D8BD10

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://www.nexttimefanclub.com
Nate



Пол : Female
Хороскоп : Virgo
Број на мислења : 10
Поени : 2473
Репутација : -5
Registration date : 2010-03-14
Age : 21
Локација : Skopje

ПишувањеПредмет: Re: Во средното музичко училиште "Илија Николовски Луј" се одржа хуманитарен концерт   Нед Мар 14, 2010 7:43 pm

Ogromno Bravo za Next time!:D Samo Taka Decki.. Ve Sakammm
Вратете се на почетокот Go down
 
Во средното музичко училиште "Илија Николовски Луј" се одржа хуманитарен концерт
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Free blog
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum