Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Интервју за школскиот весник Тафтологија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
macaparket
Официјализиран Паркет!


Пол : Female
Хороскоп : Pisces
Број на мислења : 896
Поени : 4095
Репутација : 137
Registration date : 2009-03-22
Age : 21
Локација : Telo vo Skopje,srce vo Krusevo

ПишувањеПредмет: Интервју за школскиот весник Тафтологија   Нед Мај 16, 2010 7:36 pm



Некст Тајм е дуо оформено во 2008 година и е составено од Стефан и Мартин Филиповски. Зад нив веќе стои албумот насловен “Некст Тајм”, настапот на Евровизија во Москва 2009, како и многу хит синглови и награди. Во моментот се актуелни со песната “Рамо за плачење” која е авторско дело на Лазар Цветковски (музика и аранжман) и Магдалена Цветковска (текст). Во подготовка е вториот албум кој треба да излезе на крајот на 2010 или почетокот на 2011.

Тафтологија: Најромантичниот гест што можи некоја особа да ви го приреди?

Некст Тајм: Не е ништо материјално само да биде од душа и срце.

Т: Ако имате шанса да се вратите назад во времето дали би измениле нешто?
НТ: Веројатно би ги поправиле сите грешки и неискусни потези кои сме ги направиле во минатото. Ќе знаеме кои луѓе ни мислеле добро, а кои не.

Т: Што ве држи будни навечер?
НТ: Немаме некоја голема навика да седиме будни премногу касно. Некогаш седиме на компјутер, гледаме филмови или пак сме излезени со друштвото така да тоа е тоа. Сакаме да гледаме премногу ДВД концерти од различни изведувачи, па некогаш знаеме да заглавиме гледајќи некој концерт.

Т: Најважен (или најомилен) момент од вашата кариера?
НТ: Настапот на Евровизија во Москва и враќањето од истата кога на аеродромот и пред нашето маало не пречекаа премногу фанови и луѓе кои што сакаа да ни оддадат во тие моменти почит и внимание. Секако и концертот што го оддржавме во Универзалната сала. Верувајте сето ова ни е уште послатко со оглед на тоа што од почеток до ден денес сами се бориме за се.

Т: Без кого не можете да живеете?
НТ: Без нашите блиски. Нашето семејство, нашата мајка, нашите браќа и без нашите пријатели од детството па се до ден денес. И секако без сите наши фанови. Да ги нема нив ќе не снема и нас.

Т: Омилен македонски композитор / текстописец?
НТ: Има премногу добри компоситор, меѓутоа од оние со кои сме работеле, Лазар Цветковски. Премногу е добар и скромен дечко пред се, а да не збориме за музичките квалитети. За текстописци па еве добро. И на Стефан добро му иде ја напиша најубавата песна на Некст Тајм Не верувам во тебе, така да.. Матин убаво компонира музика. И така доста е фалење.


Т: Верувате ли во хороскоп?
НТ: Не премногу. Некогаш си викаме ајде бе ништо не губиме да веруваме!

Т: Со кој би сакале да се заглавите во лифт?
Стефан: Јас би сакал да се заглавам во лифт со некоја девојка која исто така ќе сака да се заглави со мене. За во случај да биде еднострана желбата да не ме клевети дека сум ја закачал.
Мартин: Во лифт би се заглавил со некој што ќе знае да не одглави. Нели за да може побрзо да излеземе. А ако биде девојка ќе искочиме на кафе.

Т: Која е вашата најголема неостварена желба?
НТ: Да наполниме еден голем стадион на наш концерт и да успееме надвор од Македонија.

Т: Најтешка животна одлука?
НТ: Што да бидеме фудбалери или музичари. Да се надеваме дека подоброто го избравме!


Еве вака премиерно за вас. Весникот нема да излезе во печатено издание, ќе биде ѕиден весник бидејќи немаме финнансии.


Последната промена е направена од macaparket на Сре Мај 19, 2010 10:38 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/toseanangelforever
Zor4e
4ever Next Time


Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 3212
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 20
Локација : Kicevo

ПишувањеПредмет: Re: Интервју за школскиот весник Тафтологија   Нед Мај 16, 2010 8:30 pm

Маца фала ти за интервјуто супер е:)
Вратете се на почетокот Go down
Simona*
Администратор
Администратор


Пол : Female
Хороскоп : Scorpio
Број на мислења : 838
Поени : 4227
Репутација : 154
Registration date : 2009-03-18
Age : 22
Локација : Охрид, Македонија

ПишувањеПредмет: Re: Интервју за школскиот весник Тафтологија   Пон Мај 17, 2010 8:14 am

За последното прашање.... го избравте НАЈдоброто! :)

_________________
Вратете се на почетокот Go down
http://nexttimefanclub.forummk.com
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Интервју за школскиот весник Тафтологија   Today at 11:13 am

Вратете се на почетокот Go down
 
Интервју за школскиот весник Тафтологија
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Free forum | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | www.sosblogs.com
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum