Next Time Fan Club
Потребна е регистрација за да можете да ги разгледувате останатите содржини на форумот. / Unregistered guests are not allowed to review the other forum contents.


Сите фанови на Некст Тајм на едно место!
HomePortalПрашања/ОдговориЧленовиБарајЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 На Шанк со...Стефан од Некст Тајм!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Zor4e
4ever Next Time


Пол : Female
Хороскоп : Cancer
Број на мислења : 327
Поени : 3211
Репутација : 70
Registration date : 2009-08-19
Age : 20
Локација : Kicevo

ПишувањеПредмет: На Шанк со...Стефан од Некст Тајм!   Саб Јан 15, 2011 3:03 pm

Не сум толку евтин!


Го викаат момчето со магичниот глас, а го препознаваат по бујната коса и рокерскиот стил. Заедно со Мартин, близнаците од Некст Тајм важат за миленици меѓу женската популација. На сцена заедно, на промоции заедно, а така е и во студио...
Но каков е Стефан кога е без Мартин? Овој пат ВЕЧЕР ви го разоткрива младиот пејач, а за таа прилика го сместува на шанк, и тоа во некоја меана бидејќи, како што вели тој, таму повеќе привлекувал внимание. Не сака на голо бидејќи било опасно, преферира со пиво во рака, шмека само кога го шмекаат... Утрото му почнува со чај, а во доцните часови се спријателува со шанкерите се додека не си отиде од кафаната... На клоци!





На шанк или на маса?
Стефан: На шанк...според мене е поопуштено и човек повеќе привлекува внимание.

Жестоко или пиво?
Стефан: Пиво! Не сум голем љубител на жестоки алхохолни пијалаци.

Со мезе или на "голо"?
Стефан: Со заштита... Од типот на: доколку јадам мезе заедно со пијачката сметам дека нема премногу да делува на мене, а доколку е на голо тогаш е опасно.

Што по првата пијачка?
Стефан: Шанкеру, ночас буди друг донеси уште една за сите...

А што по последната?
Стефан: Нисам краљица тротоара, се шалам малку претеравме, не пијам многу како што кажав, но ајде да се нашалиме.

Утредента кафе или јува?
Стефан:Чај! Секое сабајле! Без чај не ми почнува денот.

Цеца или ???
Стефан: НЕКСТ ТАЈМ

Шмекам ...?
Стефан: Кога ќе почувствувам дека ме шмекаат.

Ми пука филм од...?
Стефан: Лажење и изневерување.

Секс за една вечер...?
Стефан: Јаооо, па не сум толку евтин...

Мрак ми паѓа на очи кога ќе го видам...?
Стефан: Сонот како ми доаѓа.

Кафеана-животен стил или денгубење?
Стефан: Сметам дека секој си го знае своето место, каде најубаво се чувствува да го помине денот, каде да доручкува, руча, вечера... Јас сум за домашно јадење или брза храна.

Летаат чаши и флаши кога...???
Стефан: Ќе се пее песната од Бијело Дугме "Лажеш". Не знам како успева, но атмосферата е насекаде иста на таа песна.

Низ врата, на нозе или на "ушка"?
Стефан: На клоци!!! Низ врата поминувам со нозе ...

На рабуш, во кеш или со картица?
Стефан: Кога имам кеш, во кеш плаќам... кога немам, на картица!

Извор:http://www.vecer.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
 
На Шанк со...Стефан од Некст Тајм!
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Next Time Fan Club :: Next Time :: Новости / News-
Отиди до:  
Forumotion.com | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Have a free blog with Sosblogs
http://www.facebook.com/nexttimefanclub.forum